Сајбер напад бил извршен врз официјалната веб-страница на руското Министерство за одбрана со одбивање на услугата (DDoS), соопшти извор од Министерството, пренесуваат руските медиуми.
– Експерти од МО работат на спротиставување на напад ДДоС врз официјалната веб-страница на Министерството, рече тој.
Како резултат на тоа, страницата беше привремено недостапна, но нејзината содржина сега е повторно достапна. Министерството го потврди нападот, но додаде дека „корисници може да наидат на потешкотии со пристапот до содржини“ на страницата.
Според Министерството, локацијата од која е извршен нападот е надвор од Руската Федерација. Најновите големи сајбер напади врз руски интернет-ресурси беа за време на годинашната Директна линија на 30 јуни со претседателот Владимир Путин.
Тогаш беа нападнати дигиталните системи. Слични напади имаше и за време на „Директната линија“ во 2019 година.