Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска: Парите од „Меѓународен сојуз“ завршиле во куќата на родителите на Боки-13

0
By Нова ТВ on July 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имаме доста материјални докази кои главно произлегоа од вештачењето на телефонот на сега обвинетиот Бојан Јовановски. Што се однесува до парите кои се подигнати од Лилјана Тодоровска и земени веднаш од обвинетата Кристина Блажевска, имаме точно локациски од вештачењето на  телефонот дека завршуваат во куќата на неговите родители, имаме и слика имаме и локација, изјави обвинителката Вилма Рускоска денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Додаде дека имаат материјални докази што одат во поткрепа на обвинението, но и сведочења особено  на Агапи Дика и на Лилјана Тодоровска за тоа како се одиграло потпишувањето на договорите, преговарањето во „Меѓународен сојуз“ и исказите на оштетените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Рускоска рече дека на кратко во воведните зборови кажала дека тие се обврзале дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште, а донекаде и субвенционирање од страна на државата.

„Подетално за ова ќе видите од самите материјални докази, како и од сведочењата. Што се однесува до перењето пари исто така, не за Бојан, туку за осомничени Јасна Мандиќ и Миле  Јовановски образложив зошто сметаме дека кај нив постои перење пари, односно дека парите што ги добил Бојан Јовановски по пат на измама им ги давал на нив да ги уплаќаат како позајмици или враќање на позајмици или донации на „БМЈ медиа груп“ во чии рамки беше и 1 ТВ“, рече Рускоска.

На новинарско прашање, Рускоска рече дека Бојан Јовановски се служи со лични квалификации.

„Тој е обвинет. Мене прво ме направи корумпиран обвинител, па со ништо не успеа тоа да го докаже и секакви квалификации користи што не му доликуваат. Така да, јас кажав дека може да смисли еден девијантен пример, јас не реков кој. Јас никого до сега ниту во „Рекет“, ниту во овој предмет имам намера лично да навредувам, затоа што тоа не е во правец на докажување на фактичка состојба. Бојан и во претходниот случај, а и сега се служи со лични квалификации“, рече Русковска.

На прашање за истрагата за случајот „Империја“, Рускоска рече дека предметот е даден на вештачење.

„Ќе се изврши материјално финансиско вештачење на предмето. Паралелно ќе се сослуштаат уште неколку сведоци за кои колешките сметаат дека се неопходни“, истакна обвинителката.

Во врска со случаите од поранешното на СЈО, Рускоска рече дека сите предмети кои се пред крај со истражна постапка или пред крај со предистражна постапка прво ќе одат на реферирање во ЈО на СРМ па потоа да се донесе одлука дали ќе се отвори истрага, дали треба да се надополни истрагата или да се поднесат обвиненија.

„Така да се уште ниеден од тие предмети не е рефериран“, додаде таа.

Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, денешното судењето за „Меѓународен сојуз“ привремено беше прекинато на 30 минути и беше повикана брза помош.

Во случајот „Меѓународен сојуз“ се обвинети Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски. Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети. Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Бојан Јовановски Вилма Русковска Миле Јовановски рочиште Случај „Меѓународен сојуз“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.