Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руте: Членките на НАТО се согласија за зголемени инвестиции во одбранбените капацитети

0
By Zoran Ivanov on June 5, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешниот последен состанок на министрите за одбрана пред Самитот на НАТО во Хаг, Руте нагласи дека оваа согласност е клучен прв чекор за тоа што му е потребно на НАТО и за да ги задоволат овие потреби, сојузниците ќе треба да инвестираат многу повеќе во одбраната.

– И тоа е сега работата што не очекува за (Самитот во) Хаг. Да се договори нов план за инвестиции во одбраната што ќе ни обезбеди доволно ресурси за да можеме да одвраќаме и да се браниме во овој поопасен свет, додаде генералниот секретар на НАТО.

Руте најави дека ќе предложи инвестициски план што би предвидувал вкупни одбранбени издвојувања годишно на ниво пет отсто од БДП, од кои 3,5 отсто за основни трошоци одбраната за остварување на новите цели за способностите и уште 1,5 проценти во инвестиции поврзани со одбраната и безбедноста, како што се инфраструктурата и индустријата.

Тој додаде дека на средбата се разговарало и за „трајната поддршка“ на НАТО за Украина, потсетувајќи дека за оваа година сојузниците веќе ветија над 20 милијарди евра дополнителна безбедносна помош за Украина.

– Исто така, ги поздравувам дополнителните напори за поддршка што сојузниците ги ветија на вчерашниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, додаде Руте.

Генералниот секретар информира дека министрите во рамки на Советот НАТО-Украина имале средба и со нивниот украински колега Рустем Умеров, кој ги информирал за предизвиците на бојното поле, континуираните руски напади врз цивилни цели и континуираните напори за постигнување мир преку преговори.

Тој информира дека министрите ја одобриле и номинацијата на американскиот воздухопловен генерал-потполковник Алексус Гринкевич за функцијата Врховен командант на сојузничките сили во Европа, кој на оваа позиција ќе го наследи генералот Крис Каволи.

 

буџет НАТО Руте
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.