Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руте: На Киев никогаш не му било ветено дека ќе се приклучи на НАТО како дел од мировните преговори

0
By Marija Todorovska on June 4, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот Инстаграм Mark Rutte
Фото: Скриншот Инстаграм Mark Rutte
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот план за инвестиции во одбраната ќе биде главната тема на Самитот на НАТО што кон крајот на месецов ќе се одржи во Хаг, чиј суштински аспект е поголемо инвестирање за да се задоволат потребите на зголемената побарувачка и за да се зголеми одбраното производството, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Светот станува се поопасен. Постои брутална војна на Русија против Украина, закана од тероризмот и интензивирање на глобалната конкуренција. Ќе продолжиме да ги заштитуваме нашите луѓе и нашиот начин на живот. Затоа мора да го направиме НАТО посилна, пофер и повоинствена Алијанса, изјави Руте на прес-конференцијата во пресрет утрешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Посветеноста на неповратниот пат на Украина кон НАТО останува, но на Киев никогаш не му беше ветено влегување во Алијансата како дел од мировните преговори, изјави денес во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Руте рече дека Украина е поканета на самитот на Алијансата во Хаг, кој ќе се одржи за неколку недели.

„Ја поканив Украина на самитот. Што е можно поскоро, ќе ја објавиме програмата со повеќе детали“, изјави Руте за новинарите пред состанокот со министрите за одбрана во Брисел, објави Ројтерс.

На прашањето дали Зеленски е лично поканет, Руте само рече дека програмата ќе биде објавена навреме.

Тој нагласи дека на овој министерскиот состанок ќе биде направен огромен скок напред во зајакнувањето на капацитетите за одвраќање и одбрана на НАТО со усогласување на нови амбициозни цели.

Според Руте, на средбата ќе се разговара за подготовките на Самитот во Хаг и за континуирана поддршка за Украина и итната потреба за мир, а ќе бидат донесени и клучни одлуки за подобрување на одвраќање и одбраната на Пактот.

Овие цели ги утврдуваат силите и конкретните капацитети што сојузниците треба да ги обезбедат за да го зајакнат нашето одвраќање и одбрана. Противвоздушна и ракетна одбрана, оружја со голем дострел, логистика и големи формации за маневрирање на копно, се меѓу нашите главни приоритети, рече Руте.

Генералниот секретар на НАТО нагласи дека за таа цел на Алијансата и се потребни повеќе ресурси, сили и капацитети за да биде подготвена да се соочи со секоја закана и целосно да ги спроведе своите планови за колективна одбрана.

За да ги исполниме нашите нови цели, јасно е дека ќе ни требаат значително повисоки трошоци за одбрана. Тоа е основата за се. Европските сојузници и Канада се засилија. Очекувам повеќето, ако не и сите, сојузници да ја достигнат почетната цел за трошење на два отсто од БДП за одбраната во текот на оваа година. Многумина инвестираа или имаат планови да инвестираат многу, многу повеќе, додаде Руте.

Сепак, според него, тоа не е доволно и затоа сојузниците мора да „одат подалеку и побрзо“, па затоа на состанокот ќе се разговараа за итната потреба од зголемување на трошоците за одбрана и за основните воени потреби и инвестиции поврзани со одбраната, вклучувајќи ја инфраструктурата и отпорноста.

Руте нагласи и дека е потребно армиите на земјите членки на НАТО да ги имаат критичните капацитети што им се потребни.

Ова е добро за нашата безбедност, а патем и добро за нашите економии. Трошењето за одбрана не одржува безбедни, но исто така создава работни места низ Алијансата, додаде Руте.

Според него, на утрешниот министерски состанок ќе стане збор и за континуираната поддршка на НАТО за Украина и потребата за ставање крај на ужасната војна, а во тој контекст попладнево ќе се одржи и состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, под претседателство на Германија и Велика Британија.

 Ќе се фокусираме на континуирана поддршка за Украина, додека земјата се бори против руската агресија. Ние целосно ги поддржуваме напорите на претседателот Трамп да го запре крвопролевањето, со праведен и траен мир. Долгорочната поддршка на НАТО за Украина не е за продолжување на војната, туку за обезбедување Украина да може да се одбрани сега и да спречи каква било идна агресија, истакна Руте,

Тој најави и дека министрите за одбрана на НАТО утре ќе се сретнат со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и нивниот украински колега Рустем Умеров, кој ќе информира за најновиот развој на настаните на бојното поле и за проценките на Киев за напорите за постигнување мир.

Се наоѓаме во клучен момент за нашата безбедност. Немојте да се залажувате, НАТО е силен денес. И ќе стане уште посилен. Силната одбрана испраќа јасна порака – никој никогаш не треба да помисли да не нападне. Конечно, нуклеарното одвраќање е камен-темелникот на безбедноста на Алијансата, потенцира Руте.

Генералниот секретар на НАТО најави дека утрешниот министерски состанок ќе заврши со редовен состанок на Групата за нуклеарно планирање, додавајќи дека фундаментална цел на нуклеарниот капацитет на Алијансата е да го зачува мирот, да спречи притисоци и да одврати агресија.

Киев НАТО Руте
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.