Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сѐ е подготвено за почетокот на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

0
By Ана Василевска on May 31, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 31, 2023 13:30

Под мотото „Враќање дома“ на 9 јуни на платото пред прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков“ ќе биде отворен 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински. Од 20:30 часот со видеоесеи, ќе им биде оддадена почит на лауреатите на наградата за животно дело Петар Темелковски и Петар Мирчевски. Првата од десетте претстави во конкуренцијата која ќе го отвори Фестивалот е претставата на велешкиот театар „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски. Претставата е на отворањето од 21:30 часот и е наместо најавената и предходно серлектирана претстава „Инферно“. Театарот од Велес се реши на промената поради технички причини.

Претходно, во 19 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде отворена ретката и роднокрајна збирка во чест на авторот во фокус Коле Чашуле.

Освен десетте претстави во официјалната програма, фестивалот од 9 до 16 јуни ќе понуди и пет во независната, тркалезни маси, програма за деца, автор во фокус

И Македонскиот народен театар има промена на претходно селектираната претстава во официјалната конкуренција. Селекторката Ана Стојаноска ја избра претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, но учеството е откажано.

„Иако имаше предлози овие две претстави да се играат на нивните матични сцени, сепак, како Собрание на фестивалот одлучивме дека МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува во Прилеп и дека не е во ред да носиме публика од градот за некои претстави да се изведат на матичните сцени. Ова нека биде и вид апел за сите да работиме повеќе на подобрувањето на техничките можности на сцените во Прилеп“, вели Стојаноска.

По одлука на Собранието на фестивалот, од истата причина, и Албанскиот театар, наместо со селектираната „Три сестри“, ќе учествува во официјалната програма со „Балкан“ во режија на Арбен Кумбаро.

Во официјалната програма на фестивалот  се претставите: „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, а во продукција на Драмски театар од Скопје; „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, во изведба на прилепскиот народен театар, „Мy name is Medeјa“ според Еврипид, во режија на Себастијан Хорват на битолскиот театар, „Балкон“ од Жан Жене, во режија на Арбен Кумбаро, во продукција на Албански театар, „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска на охридскиот народен театар – Охрид, Театарот за деца и младинци ќе ја изведе „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, театар комедија во официјалната програма е со претставата „Женска гардероба“ од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, претставата „Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски е на струмичкиот театар  Народен театар „Антон Панов“ – Струмица и претставата на Турски театар „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу.

Од независната продукција со претстави на домашни автори, на фестивалот ќе бидат: „Елегија во пет здива“, автор и режисер Филип Петковски, „Заминувања“ е одф колективно авторство во режија на Драгана Гунин, независна продукција во соработка со Мировна акција, „Срам“ од Ангела Стојановска, режија на Милош Б.Андоновски, драматизација Ева Камчевска, Продукција на „Тииит! Инк, „Скопјани“ според раскази на Оливера Ќорверзировска и колективно авторство на актерската екипа во режија на Милош Б. Андоновски и претставата „Под.готвено“ според поезија и проза на Ѓоко Здравески, раскази на Елизабета Баковска, поезија на Блаже Конески и адаптација на сцена од „Трите високи жени“ од Едвард Олби, во режија на Дејан Спасовиќ, а во продукција на „РКЦ РАКАТРАК“.

Програмата на Фестивалот ќе започнува секој ден во 10 часот со „Чернодрински за деца“. Напладне ќе се организираат разговори на тркалезната маса, на кои ќе се дискутира за претставите на програмата од претходниот ден. Секој ден од 17 часот на неколку локации низ градот ќе бидат поставени фестивалски зони во кои членови на групата „Театроск“ ќе постават свои живи статуи, додека студенти од Факултетот за драмски уметности од Скопје ќе бидат скомрах и ќе презентираат кратки патувачки етиди. На 13 јуни ќе се одржи и меѓународна конференција на тема „Македонскиот театар низ визурата на македонската јавност“.

Фестивалот ќе биде затворен на 16 јуни со свеченото доделување на наградите. Во нивна чест ќе гостува Српско народно позориште од Нови Сад со „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски.

МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп театар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

ВЕСТИ January 28, 2026

Опозициските партии Левица и Социјалдемократакиот Сојуз на Македонија (СДСМ), го поддржуваат денешниот протест на работниците…

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

January 27, 2026

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.