Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

С. Македонија и Албанија со заеднички проекти за заштита на Охридскиот регион

0
By Biljana on July 12, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Денеска во Охрид се договоривме дека отвораме ново поглавје во билатералните односи меѓу Северна Македонија и Албанија. Се согласивме дека преку заедничкото управување на нашето природно и културно наследство што го споделуваме со целиот свет, односно со преземање конкретни чекори за заштита, ќе поставиме пример и за развојот на добрососедските односи, за подобар и поблиску интегриран балкански регион“, кажа министерката за култура Ирена Стефоска на заедничката седница на националните комисии на УНЕСКО на Северна Македонија и на Албанија што се одржа денеска во Охрид.

На седницата претседаваа министерките за култура на Северна Македонија и на Албанија, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, а придонес, од аспект на своите ингеренции, дадоа и министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер Нуредини, неговиот албански колега, министерот за туризам и животна средина Бленди Клоси, како и членовите на националните комисии и експерти од двете земји.

Конкретно, Република Северна Македонија и Албанија ќе изработат заеднички стратегиски план со дефинирани цели, заеднички иницијативи и проекти за заштита на Охридскиот Регион како исклучителна вредност. Планот ќе вклучува и корективни мерки, со временска рамка, а во периодот што следува ќе биде посветено поголемо внимание на прецизна координација во контекст на заедничкото управување на Охридскиот Регион во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО.

„Соработката што ја воспоставивме со Северна Македонија ни отвора врати за нови активности. Не чекаат ангажмани кои беа подзаборавени заради пандемијата и на кои сега со обезбедување на услови забрзано ќе работиме“, рече албанската министерка за култура Маргарити.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини додаде дека во однос на Охридскиот Регион двете држави се сериозни во намерата да се следат препораките и да се зачува статусот на УНЕСКО, како и воопшто да се унапреди состојбата на Охридскиот Регион и да се заштити природното и културното наследство кое го поседува.

„Драго ми е што сите активности се преземаат координирано со нашите соседи, и што настапуваме заеднички пред Комитетот на УНЕСКО презентирајќи ја идејата за конкретен заеднички План за опоравување и акциски план, со што ја покажуваме сериозноста во нашиот пристап и се надевам дека ќе добиеме дополнителен временски период за исполнување на истиот, пред да се најдеме на листата на загрозено светско наследство“, изјави министерот Нуредини.

На состанокот беше истакнато дека Република Северна Македонија и Република Албанија се особено горди што исклучителниот Охридски Регион е запишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО и двете страни, во тесна соработка со сите релевантни државни институции, локалните заедници и општините, како и со граѓанското општество, преземаат обемни активности за зачувување и за заштита на наследството во сите негови аспекти и компоненти.

Беше нагласено дека во текот на последните две години, Северна Македонија и Албанија дополнително ги интензивираа напорите за спроведување на препораките што произлегуваат од соодветните одлуки на Комитетот за светско наследство и на Реактивната мисија. Претставниците на националните комисии на двете земји се договорија заедничкиот стратегиски план, кој ќе содржи и детален акциски план со мерки и идни активности, да го достават до Центарот за светско наследство на УНЕСКО најдоцна до февруари 2022 година.

култура Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.