Сѐ повеќе земји и помагаат на Србија да се справи со обилните поплави во земјата при што досега помош имаат упатено осум земји членки на ЕУ, Русија, САД, Израел, Хрватска и Македонија, а се активира и српската дијаспора.
Европската унија го активира Механизмот за цивилна заштита по барањето за помош кое Србија и го упати за помош заради големтие попалви, кои ги погодија повеќе делови на змејата, а денеска реагираа Франција, Словенија, Бугарија, Германија, Унгарија, Австрија, Чешка и Хрватска.
Франција упати мисијана спасители на вода, а три тима пристигнуваат и од Словенија со пумпи од голем капацитет.. Бугарија испрати 2 пожарникарски возила и 10 пумпи, а помош се очекува и од Германија со 15 спасители.
Рускиот авион Иљушин ИЛ-76 на руското министерство за вонредни ситуации слета утрово во 8.30 на аеродромот во Ниш со 76 спасители, меѓу кои има и 20 лица обучено за подводни операции. Други два руски авиони со хуманитарна помош, треба да полетаат наскоро. Руските спасители можат да работат автономно до 15 дена ако за тоа и8ма потреба.
Амбасадата на САД во рамките на своите овласутувања донираше 100.000 долари набавка на опрема и непрехранбени артикли неопходни за помош на поплавените подрачја.
Македонската Владата, пак, упати тим од 75 спасители од министерствата за одбрана, внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување, кои веќе се пристигнати во Шабац. На седница на македонската влада, како што е веќе познато, решено е да се испратат 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, 9 чамци, 3.000 ќебиња и лекови.
Сѐ повеќе земји ѝ пристигнуваат напомош на Србија
0Published: Saturday, May 17, 2014 12:54




