Премиерот на Бугарија, Кирил Петков покажал интерес за можноста за воведување на лет Софија – Скопје, како манифестација на добра волја, изјави бугарскиот министер за транспорт, Николај Сабев на состанокот на Комитетот за транспорт во Националното Собрание.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Сабев рече дека бил поканет од премиерот Петков да го придружува за време на неговата посета на Северна Македонија и дека ќе преговара со колегите од Северна Македонија, како што вели, „за да имаме лесна и брза транзиција“.

Министерот за транспорт Сабев воедно, наведе дека се преговара со конкретни авиокомпании кои би биле заинтересирани да ја опслужуваат линијата Софија – Скопје и обратно.