Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саборот на СПЦ ќе расправа за МПЦ-ОА и односите со БПЦ

0
By Нова ТВ on May 2, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Барањето на МПЦ-ОА до БПЦ да и биде мајка црква и новата територијална организација на СПЦ што ја засега и Македонија, се очекува да бидат дел од темите на пролетното заседание на Светиот архиерејски сабор на Српската православна црква што викендот почна во Пеќката патријаршија, а продолжува денеска во Белград, објавува МИА.

Иако нема официјална потврда од СПЦ, српските медиуми пренесуваат дека на Саборот ќе се расправа одлуката на Бугарската црква да прифати да и биде мајка црква на МПЦ и да се застапува за нејзино целосно вклучување во заедницата на православните цркви.

Синодот на СПЦ досега формално не се огласи за релациите МПЦ – БПЦ. Сепак, дел од владиците тоа го оценија како преседан во меѓуправославните односи наведувајќи дека и покрај спорот околу статусот, официјално мајка црква на МПЦ може да биде само СПЦ, пишува „Данас“.

Во однос на новата територијална организација, во предложениот нов Устав на СПЦ се предвидува ПОА на Јован Вранишковски да добие статус на „автономна црква во составот на СПЦ“, а нејзиното историско седиште од Охрид да се премести во Скопје. Според новиот предлог Устав, изборот на архиепископот ќе го потврдува српскиот патријарх. Новиот Устав не предвидува можност Саборот и патријархот да не се согласат со одлуките на автономната црква во Македонија ниту предвидува „уставен лек“ за таква ситуација. Новина е и тоа што наместо досегашниот еден глас, во иднина сите владици во Македонија ќе имаат право да учествуваат во изборот на поглаварот на СПЦ.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во контекст на најавените промени во СПЦ, во март излезе со реакција во која беше наведено дека Предлог-текстот за промена на Уставот на Српската православна црква содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија, како и грубо мешање во јурисдикцијата на МПЦ-ОА.

– Со ова, СПЦ покажува своевиден анахронизам, контрадикторност и непринципиелност кон своите сопствени одлуки: САС на СПЦ бр. 1744/ зап. 343 од 26 јуни 1959 година, чл. 165 точка 6 каде се вели: “Со оваа Одлука, престануваат да важат прописите од Уставот на СПЦ, за епархиите и архиереите на територија на НРМ. Истата Одлука на Синодот е потврдена на Светиот архиерејски собор на СПЦ – АСбр. 47/958 од 17 јуни 1959 година, донесена во Белград. Кој има очи – ќе види и кој има уши – ќе слушне!, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Светиот синод на МПЦ-ОА објавено во пресрет на Саборот на СПЦ.

БПЦ МПЦ СПЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.