Published: Tuesday, July 29, 2014 13:22
Донација на опрема од Американската амбасада во Македонија денеска доби Пограничната полиција на Министерството за внатрешни работи и Царинската управа. Опремата, вредна 142 илјади долари, е обезбедена преку Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност. Таа содржи далекусежни двогледи, апарати за инспекција, пејџери за откривање на радијација, компјутери и опрема за симултан превод. На предавањето на донацијата ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.




