Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ги стави на црна листа претседателот на Федерацијата БиХ и министерот за здравство на Република Српска

0
By НОВА ТВ Terziova on June 6, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Маринко Чавара, и министерот за здравство и социјална заштита на Република Српска, Ален Шераниќ, се најдоа на црната листа на САД. Како што објаснија американските власти, причината за ваквиот потег е што тие ја загрозиле стабилноста на регионот и го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор и демократските процеси или институции.

„Маринко Чавара и Ален Шераниќ се обидоа да следат етнонационалистички и политички агенди на сметка на демократските институции и граѓаните на Босна и Херцеговина“, изјави Брајан Нелсон, потсекретар за борба против тероризам и финансиско разузнавање при Министерството за финансии, јави регионалната телевизија Н1.

Чавара e ставен на листата на санкционирани лица за директно или индиректно учество во активности или политики кои ги поткопуваат демократските процеси или институции во Западен Балкан, појасни Стејт департментот.

На Шераниќ му се изречени санкции, како што се посочува, за промовирање на сецесионистичките активности на Република Српска, односно затоа што го водел процесот на донесување на законот со кој се предвидува формирање на Агенција за лекови на РС, која би била на територијата на тој ентитет и би била надвор од надлежностите на Агенцијата за лекови на БиХ.

„Овој закон, кој сè уште не е стапен во сила, предвидува формирање нова агенција само во рамките на Република Српска, со што би се нарушиле овластувањата на државната Агенција за лекови и медицински помагала“, се наведува во образложението.

Се додава дека формирањето нова агенција на ниво на ентитети претставува опструкција или закана за спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор.

регион САД црна листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.