Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД избори: Хилари однапред ги добивала прашањата за дебата

0
By Светлана Јовановска on November 1, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дона Бразил, интерим претседателката американската Демократска партија и стратег на кампањата на Хилари Клинтон испратила мејлови кои отворија нов скандал во САД. Мејловите биле испратени до Џон Подеста, претседателот на кампањата на Хилари Клинтон и Џенифер Палмиери, директорка за комуникација на демократската кандидатка за претседател на САД.

Според американските разузанавачи Викиликс го хакирал мејлот на Подеста, преку руски хакери, и ги објави овие пораки. Пораки кои откриваат уште еден под многуте скандали во трката за новиот кираџија на Белата куќа.

Мејлот е испратен на 5 март, ден пред демократската дебата помеѓу Хилари Клинтон и Берни Сандерс која се одржа во градот Флинт, град која стана симбол на социјалната неправда на Америка поради водоводната мрежа на градот затруена со олово.

“Едно од прашањата кое ќе и биде поставено на ХРК (Хилари Родам Клинтон) ќе дојде од една жена која имала кожен осип. Нејзиното семејство беше отруено со олови и таа ќе ја праша Хилари што може да направи за жителите на Флинт ако стане претседателка”, јавува Бразил која до пред неколку дена беше коментатор за Демократската партија на Си-Ен-Ен.

Утредента, за време на дебатата, Клинтон навистина доби прашање од една жена која рече дека целото нејзино семејство имало проблеми со кожата иако начинот на кој што било поставено прашањето не им одговара на наводите од мејлот на Бразил.

Во еден друг мејл Бразил пишува: “Од време на време ги добивам прашањата однапред” и во истата порака помеѓу редовите сугерира дека на Клинтон ќе и биде поставено прашање за смртната казна.

По овие откритија Дона Бразил даде оставка од Си-Ен-Ен и и во понеделникот на Твитер се заблагодари на телевизијата за соработката како политиколог и демократски коментатор.

Скандалот им дава нова тежина на зборовите на републиканскиот кандидат Доналд Трамп кој со недели повторува дека неговата противничка била фаворизирана со тоа што прашњата ги добивала однапред. Ова се случува во време кога Демократската партија го бираше својот кандидат за претседателските избори. Борбата се водеше помеѓу Клинтон и Берни Сандерс.

Демократската партија ниту потврди ниту деманираше.

 

Берни Сандерс претседателски избори САД САД Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.