НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“

0
By Biljana on August 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“ изрази Амбасадата на САД во БиХ, слично како и американската амбасада во Косово, денеска изрази поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“, која засега ги вклучува само Македонија, Албанија и Србија.

„Соединетите Американски Држави целосно ги поддржуваат регионалните напори во областа на економијата, кои се стремат кон координација и интеграција во согласност со правилата и стандардите на Европската Унија“, изјавиле за „Аваз“ од канцеларијата за односи со јавноста на Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина, како одговор на прашањето на босанскиот дневен весник за тоа каков е ставот на САД во врска со иницијативата „Отворен Балкан“ потпишана од претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама.

„Воспоставувањето посилни економски и политички врски во регионот е дополнителен поттик за постојните напори за завршување на реформите неопходни за членство во ЕУ. Регионалната интеграција и економските реформи се неопходни доколку Босна и Херцеговина сака да привлече инвестиции и да обезбеди одржлив економски раст“, ​​велат од Амбасадата на САД во Сараево. Оттаму додаваат дека Босна и Херцеговина треба да ги искористи иницијативите за регионална интеграција за да постигне напредок во постигнувањето на слободното движење на луѓе, стоки и услуги.

„Ги охрабруваме сите шест земји од Западен Балкан да го искористат неодамнешниот импулс за понатамошен напредок и да започнат напорна работа за да остварат заедничка заложба за формирање заеднички регионален пазар. Западен Балкан има огромен неискористен потенцијал, кој е изразен во визијата и напорите на неговите народи да бидат успешен и просперитетен регион кој е целосно интегриран во ЕУ“, изјавија од Амбасадата на САД во БиХ за „Аваз“.

Претходно со сличен став излегоа и од американската амбасада на САД во Приштина од каде што рекоа Косово не треба да ги затвора вратите за „Отворен Балкан“ и да прифати решенија што носат резултати за граѓаните на Косово.

„Го охрабруваме Косово да бара можности за намалување на трговските бариери, зголемување на нејзината економска конкурентност и изградба на регионално интегрирана и еластична економија, која дава резултати за сите граѓани на Косово“, рекоа пред неколку дена од Амбасадата на САД во Косово.

Иницијативата „Отворен Балкан“ беше потпишана на 29 јули во Скопје на официјален состанок помеѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама. Меморандумот за разбирање предвидува соработка за олеснување на увозот, извозот и движење на стоки на Западен Балкан, соработка за слободен пристап до пазарот на трудот и договор за соработка во заштитата од катастрофи на Западен Балкан.

Косово, Црна Гора и БиХ се уште не сакаат да се приклучат на Иницијативата. По договорот во Вашингтон помеѓу Вучиќ и тогашниот косовски премиер Авдулах Хоти, под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп, Косово вети дека ќе се приклучи на „Отворениот Балкан“, но новиот премиер Албин Курти се противи на проектот, кој го нарекува „четвртата Југославија“. Црна Гора експлицитно не се изјасни, дури и понуди да биде домаќин на некоја од идните состаноци, но претседателот Мило Џукановиќ нагласи дека тие првенствено се ориентирани кон европска интеграција.

Кога станува збор за БиХ, ставот на поединци од босанската влада во врска со оваа иницијатива е неопределен.

Премиерот Зоран Заев неодамна во изјава за српскиот весник „Политика“ посочи дека „Отворен Балкан“ не е алтернатива на Европската унија, туку „испорака на она што самата ЕУ треба да го испорача“.

„’Отворен Балкан’ е комплементарен, не е спротивен на ЕУ. ‘Отворен Балкан’ е засилувач на нашата европска агенда, додека сите три земји остануваат посветени на своите агенди и обврски за влез во ЕУ“, рече Заев.

Извор: Дневни Аваз

отворен балкан САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.