САД ги предупреди Американците да не патуваат во Египет и му кажаa на дипломатскиот персонал кој не е потребен за итни случаи да ја напушти земјата, откако судири продолжија, јавува Си-Ен-Ен.
Стејт департментот, исто така, апелираше до американските државјани во Египет “да бидат подготвени”.
Предупредувањето дојде откако најмалку три лица – вклучувајќи еден американски државјанин – загинаа во судирите меѓу поддржувачите и противниците на претседателот Мохамед Морси.
Тензиите се зголемуваат пред масовниот митинг планиран од страна на опозицијата утре, повикувајќи го г-динот Морси да се повлече.
Неговите поддржувачи се децидни дека она што тие го гледаат е “легитимитет” на Морси, отфрлајќи го барањето на опозицијата.
Недела е првата годишнина од инаугурацијата на претседателот.