Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД распишаа потерница од пет милиони долари за Максимилијан Ривкин, шведски меѓународен криминалец со српско потекло

0
By Соња Крамарска on June 8, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД распишаа потерница од пет милиони долари за каква и да било информација што ќе води кон апсење на Максимилијан Ривкин, шведски меѓународен криминалец со српско потекло, соопштија синоќа од Стејт департментот.

САД го обвинуваат Ривкин (39), кој се води под псевдонимите „Maximilan”, „Teamsters“, „Malmö”, „Microsoft” и „Max“ кој е администратор и инфлуенсер на шифрирана комуникациска платформа употребувана од криминалците низ целиот свет, за учество во разни злосторнички дела од декември 2020 до пролетта 2021 година.

„Неговите комуникации на платформата го вовлекуваат во неколку злосторнички активности вклучувајќи наводно учество во трговија со дрога, перење пари, заговори за убиство и други насилни чинови“, изјави портпаролот Метју Милер.

Во потерницата се наведува дека шифрираниот комуникациски сервис за трговците со дрога бил тајно развиен од Федералното биро за истраги (ФБИ) и пуштен во употреба во 2018 година (но Ривкин не знаел за тоа). Со употреба на сервисот во меѓународни операции со повеќе полициски служби, ФБИ фатило над 800 криминалци при што биле запленети 38 тони дрога и 48 милиони долари во разни девизи.

Од Стејт департментот истакнуват дека понудата за награда е објавена заеднички со полициската служба на Шведска која го обвинила Ривкин за трговија со дрога и криумчарење.

Од федерална порота во Вашингтон тој на 28 мај беше обвинет за заговор со рекет и вклученост во трговија со дрога и перење пари.

„Оваа заедничка понуда за награда ги засилува напорите на САД да се наруши и oдврати меѓународниот криминал на глобално ниво и да се изгради коалиција за справување со заканите од синтетички дроги“, изјави Милер.

Додаде дека меѓународниот организиран криминал и незаконската трговија со наркотици е закана за економскиот прогрес и предизвик за стабилноста на владите и општествата низ целиот свет.

„САД стојат со нашите сојузници против меѓународниот криминал и насилството поврзано со него насекаде низ светот“, рече портпаролот.

Во потерницата по Ривкин се вели дека е државјанин на Шведска со српско потекло.

Максимилијан Ривкин потерница Стејт Департмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.