Војската на САД е подготвена да помогне при обезбедувањето на Зимските Олимписки игри во Сочи, ако треба и да испрати два брода во Црното море, се вели во соопштението испратено од Пентагон.
САД и понудија целосна поддршка на Русија, изјавил портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Соопштението следуваше истиот ден откако на видео снимка се појавија двајца мажи кои се претставија како екстремисти кои тврдеа дека ќе изведат напади на југот на Русија и го предупредија рускиот претседател Владимир Путин да очекува „поклон“ на Олимпијадата во Сочи од нивните истомисленици.