Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Сенаторите со повик до Обама да реагира за окупацијата на Фалуџа

0
By Нова ТВ on January 5, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе американски сенатори го повикаа претседателот Барак Обама, кој вчера се врати од 17-дневниот божикен одмор на Хаваите, да реагира по веста дека исламисти поврзани со Ал Каеда го преземале градот Фалуџа во западен Ирак.

– Иако Ирачаните се одговорни за оваа стратегиска катастрофа, и нашата администрација не може да избегне дел од вината. Кога претседателот Барак Обама ги повлече сите американски сили од Ирак, спротивно на мислењето на военото раководство и офицерите на теренот, многумина предвидувавме дека вакуумот ќе биде исполнет од страна на непријателите на Америка и тоа на штета на нашите национални интереси. За жал, тоа и се случи, изјавија сенаторите Џон Меккејн и Линдзи Греем во заедничка порака упатена до претседателот.

Од петокот, групи поврзани со Ал Каеда го држат овој голем град во централен Ирак и ги развеаја црните исламистички знамиња над центарот на градот. Ирачката армија се обидува да ја преземе Фалуџа од исламистите, но засега главно ги гранатира нивните позиции со минофрлачи.

Белата куќа соопшти дека работи заедно со ирачките власти во обид да го врати градот под контрола на Багдад, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Загрижени сме од напорите на терористичката Ал Каеда и Исламската држава на Ирак и Левантот да ја прошират својата контрола врз Сирија и Ирак. Нивниот варваризам против цивилите во Рамади и Фалуџа и против ирачките безбедносни сили е видлив за сите, изјави Мари Харф, портпаролка на Стејт департментот.

Иако САД веќе не се воено ангажирани во Ирак, губењето на Фалуџа од страна на ирачката армија е исклучително болен удар за САД. Неколку кампањи на претседателот Џорџ В. Буш за сузбивање на сунитските исламистички групи во Ирак беа насочени токму во овој град.

Во 2004 година исламистите кои дејствуваа од Фалуџа киднапираа и убија четворица Американци вработени во приватната компанија за обезбедување „Блеквотер“, потоа влечејќи ги нивните тела по улиците на градот и бесејќи ги од мост. Во неколку тешки воени операции, во кои САД загубија стотина борци, наспроти неколку стотици убиени исламисти и над 1.000 цивили, градот од 300.000 жители беше ставен под контрола, но дури откако американската и ирачката војска привремено целосно го раселија. Оттаму, веста дека Фалуџа повторно е во рацете на исламисти силно одекна во САД.

– Илјадници храбри Американци се бореа, крвареа и загубија соборци за да им донесат мир на Фалуџа и на Ирак, и сега останува да се прашуваме дали нивните жртви беа залудни, пишува во писмото на сенаторите Меккејн и Греем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.