Белата Куќа соопшти дека целото пријавено сириско хемиско оружје е уништено. Пред речиси една година администрацијата на Обама го прифати рускиот план- режимот на Башар ал Асад да го пријави своето хемиско оружје и тоа да се уништи во кампања водена од Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО).
Околу илјада и 300 метрички тони отровни хемикалии однесени од Сирија беа уништени на американски брод и на локации во Финска и во Германија.