Американски официјални лица веруваат дека Владимир Путин одлучил да ја нападне Украина, а операција, според нив, би можеча да започне во текот на наредната недела, наведува ПБС „Њузаур“.
Извештајот на ПБС доаѓа на неколку часа по изјавата на државниот секретар Ентони Блинкен дека руска инвазија на Украина може да се случи во било кој момент и за време на Олимписките игри во Пекинг.
Но, американските официјални лица сè уште јавно не потврдиле дека инвазијата би се случила во текмот на наредната недела додека Белата куќа не ја симна класификацијата на тајност на ниту еден разузнувачки податок што би ги поткрепил тврдењата.
„САД веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин одлучил да изврши инвазија на Украина и дека таа одлука ја соопштил на руската армија, ми велат три западни одбранбени официјални лица“, напиша дописникот на ПБС на Твитер.





