Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД со поддршка за решавање на името преку ОН

0
By Нова ТВ on January 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 30, 2014 08:31

Не е местото на САД да го решаваат спорот за името, но ги поддржуваме разговорите кои се водат под мандатот на Обединетите нации, изјави Бен Роудс, заменик советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Роудс најави дека НАТО ќе биде на агендата на претседателот Обама при неговата посета на Брисел следниот месец.

– Мислиме дека не е местото на САД да го разрешат ова прашање. Ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите на Обединетите нации и на пратеникот кој работи со двете земји да го решат прашањето. Крајната цел е да продолжат евро-атланските интеграции и поблиски врски во Jугоисточна Европа. Сметаме дека најдобар процес е процесот воден од ОН, тие имаат искуство, знаење и меѓународен легитимитет. Нашиот пристап во догледна иднина ќе биде да го поддржуваме пратеникот на ОН, со цел да продолжат евро-атланските интеграции, изјави Роудс, кој вчера пред странските дописници во Вашингтон ги претстави надворешно-политичките цели на претседателот Обама, еден ден по обраќањето на претседателот до нацијата.

Роудс воедно најави дека состојбите во Европа ќе бидат еден од приоритетите на претседателот Обама, кој планира повеќе посети почнувајќи од Брисел, каде меѓу другото ќе се разговара за модернизирање на НАТО сојузот, во пресрет на самитот кој Алијансата ќе го одржи во септември во Британија.

Изјавата на Роудс доаѓа бргу по заедничката изјава на сенаторите Џон Мекејн и Кристофер Марфи кои го поддржаа барањето на Македонија за прием во НАТО, меѓу другото и затоа што со проширувањето на Алијансата мора да се испрати порака и до земјите како Украина и Грузија. Советникот на претседателот Обама за стратегиска комуникација, Бен Роудс на вчерашниот брифинг изрази поддршка на САД за Украина, во барањето на нивните граѓани за интеграција со западните земји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.