Published: Thursday, March 3, 2022 08:04
Американскиот Стеј департмент го повика рускиот претседател Владимир Путин „веднаш да прекине со крвопролевањето и да ги повлече своите трупи од украинска територија“.
Во соопштението, САД, исто така, ја обвинуваат Русија дека почнала „тотален напад врз слободата на медиуми и вистината со блокирање на пристапот до независни новински куќи, спречувајќи ја нивната можност за емитување на информации за инвазијата“.




