Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД загрижени за состојбата во Македонија

0
By Нова ТВ on February 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 26, 2015 18:17

Американската влада со загриженост ги следи политичките превирања во Македонија со аферата за прислушување и случајот „Пуч“, според портпарол на Стејт департментот, јавува Војс оф Америка на македонски јазик. Официјален Вашингтон смета дека настаните покренале сериозни прашања за македонските граѓани, но и за меѓународните пријатели и партнери на Македонија.

Стејт департментот ги повикува македонските власти да се придржуваат до највисоките стандарди на правната држава, транспарентноста, заштитата на слободата на говорот и судската независност, како и да обезбедат интегритет на демократските процеси во Македонија. Според оценката на портпаролот, ова е можност македонските парламентарни, судски и владини институции да покажат дека можат да одговорат на овој предизвик и да го почитуваат законот во сите инстанци, како и да обезбедат транспарентност, праведност и подеднаков третман на сите свои граѓани.

За извештаите во македонските медиуми дека САД, во контекст на политичката ситуација, би можеле да поништат визи на македонски политичари, судии, новинари, бизнисмени и други за коишто постојат сомневања за корупција, перење пари и кршење на човековите права, американскиот владин претставник укажува на реакцијата на Амбасадата на САД во Македонија дека разни фактори, согласно американскиот закон, може да придонесат да не се издаде или да се повлече една виза и дека таквите информации се јавно достапни на интернет-страницата на Бирото за конзуларни прашања на Стејт департментот.

(http://travel.state.gov/content/visas/english/general/ineligibilities.html#visa и http://travel.state.gov/content/visas/english/fees/presidential-proclamations.html).

Истиот извор наведува и дека ваквото давање на информации, согласно американскиот закон, за механизмите за повлекување на визи, не значи и дека Амбасадата се заканила дека ќе одзема визи или пак дека шпекулира за некаква постапка во иднина. Владиното лице подвлекува дека за секоја молба за виза се решава посебно, од случај во случај, согласно американските закони и дека американската влада не може да дискутира за поединечни случаи затоа што визните податоци, повторно согласно законите, се доверливи, се вели во реакцијата која ја пренесува Војс оф Америка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.