Артан Садику, програмски директор на Институтот за општествени и хуманистички науки и познат познат граѓански активист по нападот се обрати на јавноста преку неговиот профил на ФБ, со зборовите:
-Добар сум, очекувам полицијата да го реши случајот.
МВР претходно излезе со официјална информација за инцидентот во кој ноќеска беше нападнат и претепан Артан Садику.
-На 29.12.2013 година околу 01.15 часот во Скопје на бул. „Партизански Одреди“, од страна на неколку непознати лица извршено е разбојништво над А.С. (30) од Тетово, при што истите физички го нападнале и му одзеле мобилен телефон и паричник во кој имало околу 300 денари. Истиот поради повредите од нападот е пренесен во Ургентен центар Скопје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на официјалната Веб страна на МВР.




