Куповната моќ на македонските читатели е намалена за 30-40 проценти, проценуваат издавачите кои годинава учестуваа на Саемот на книгата.
Читателската публика не се развива, не се зголемува туку се движи околу еден основен просек.
Што треба да се преземе?
Потребно е поголемо присуство на литературата во образовниот процес и најважното – формирање на млада читателска публика.
НОВА разговараше со претставниците од издавачките куќи „Три“, „Магор“, „Темплум“, „Арт букс“ и „Или или“.
Нивна заедничка констатација е дека самот на книга не треба да биде продажен панаѓур, туку дека се потребни јавни промоции и директни контакти на читателите со авторите.
Меѓу 70-те издавачи за првпат годинава свој продажен штанд имаше и Министерството за култура, како и Македонската православна црква.