Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Safeguard clauses – можна нова алатка за забрзани ЕУ интеграции

0
By Zoran Ivanov on June 11, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 11, 2026 06:26

Очигледната логика е дека е подобро – заштитните механизми да се договорат пред влезот, отколку да се импровизираат по приемот. Другата причина е потенцијален бран на геополитички мотивирано проширување со Украина, Молдавија и Западен Балкан во релативно краток период придружено со стравување дека ќе се зголеми бројот на вета и дека ќе се усложни носењето одлуки па и до степен Унијата да стане нефункционална.

Тони Поповски

Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург предлагаат во идните договори за пристапување во ЕУ да се вградат нови „заштитни механизми“ (safeguard clauses), меѓу кои: привремено ограничување на одредени гласачки права на новите членки; нов механизам за постојан мониторинг на владеењето на правото; можност за санкции при сериозно демократско назадување и посебен режим за областите каде одлуките се носат со едногласност (надворешна политика, буџет, идни проширувања).

Најзначајниот дел е формулацијата дека ЕУ треба да води „длабинска дискусија за можноста за привремени, транзициски ограничувања на гласачките права на новите членки“. Тоа е нов елемент во политиката на проширување.

Зошто се појавува оваа иницијатива? ЕУ најмногу поради Унгарија, но и други држави членки, е со сознание дека откако ќе се пристапи во Унијата многу е тешко државите да бидат „дисциплинирани“. Членот 7 од Договорот за ЕУ, кој овозможува суспензија на права, практично се покажа како неефикасен затоа што и самиот бара високо ниво на консензус. Оттука, очигледната логика е дека е подобро – заштитните механизми да се договорат пред влезот, отколку да се импровизираат по приемот. Другата причина е потенцијален бран на геополитички мотивирано проширување со Украина, Молдавија и Западен Балкан во релативно краток период придружено со стравување дека ќе се зголеми бројот на вета и дека ќе се усложни носењето одлуки па и до степен Унијата да стане нефункционална.

Што значи оваа идеја за „контролирано проширување“ за земјите од Западен Балкан?

Позитивно е што би се намалил стравот кај старите членки и нивната јавност од нови блокади и теоретски бидејќи забележливо темата зема се повисоко место на агендата на Европскиот совет (ова е практично трет документ после писмото на германскиот Канцелар, заедничката француско – германска иницијатива од Тиват) може да се забрза процесот на проширување односно да се олесни деликатната политичката одлука за прием на нови членки.

Дали е негативно, да се исполнат условите, да се влезе во ЕУ, но одреден период да се биде под засилен надзор и со ограничени овластувања, мислам дека под овие околности не е, и тоа најмногу поради потребата да се покаже разбирање за интеграција базирана на управување со ризик.

Во оваа интензивирана дебата за можните нови заштитни механизми во Европската Унија, за нас постои една политичка реалност што не се менува: првиот и непосреден предуслов за продолжување на пристапниот процес останува усвојувањето на уставните измени предвидени со Преговарачката рамка од 2022 година. Истовремено исправени сме пред две паралелни европски агенди. Првата е да се обезбеди внатрешен политички консензус за уставните измени, без кои преговорите не можат да преминат во следната фаза. Втората е стратешка и долгорочна: активно вклучување во новата европска дебата за тоа како ќе изгледа идното членство и какви права и обврски би имале.

За тоа дали и на кој начин би можел да се надмине овој внатрешен политички јаз пишував претходно. Притоа, треба да обрнеме внимание дека и овој предлог има значителна политичка тежина, бидејќи во позадина се Франција и Германија. Доколку сите овие идеи навистина се преточат во пристапните договори, тоа би претставувало најголема институционална промена во политиката на проширување на ЕУ од воведувањето на Копенхашките критериуми во 1993 година.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна тон и поповски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.