Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сахара“ на Субрата Рој под нова истрага: неплатен данок

0
By Влатко Чаловски on October 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 14, 2013 12:19

Сахара групацијата е пред нови проблеми, овој пат од страна на Фондот за штедливост, пишува „ЕкономикТајмс“.

Комесарот К.К Јалан, од Централниот фонд за штедење, побара од претставниците на фондот Утар Прадеш да спроведат брза акција за наводните пропусти на „Сахара“, која тврдеше дека има околу 1 милион вработени за брза маркетинг операција во декември минатата година.

Овој потег доаѓа неколку дена откако Врховниот суд побара од две компании на групацијата Сахара да дадат 3,7 милиони долари банкарска гаранција. Судот за ваквата одлука разгледувал петиција од страна на СЕБИ против „Сахара“.

Сахара лансираше рекламна кампања за да се спротивстави на негативностите околу своите активности, откако дојде под регулаторство на скенерите на СЕБИ и Врховниот суд според кои групацијата собирала средства од милиони инвеститори, наводно, со кршење на законите.

„Мора да се иницираат потребни мерки против „Сахара“ и другите нејзини компании, и да се поднесе извештај до седиштето на Организацијата за штедлив фонд на работниците“, им укажал Јалан на службените лица во Утар Прадеш.

Еден од официјалните лица, запознаен со ситуацијата, за „ЕкономикТајмс“ изјавил дека властите понекогаш се плашат да дејствуваат против моќниците.

„Упатена е јасна порака до властите да дејствуваат против сите кои работат нерегуларно, без разлика кои и да се. Сахара групацијата и нејзините компании, не се исклучок од тоа правило“, вели изворот за „ЕкономикТајмс“.

Висок претставник на Фондот за штедење, за „ЕкономикТајмс“ вели многу веројатно е дека фирмите од „Сахара“ на големо ја избегнале даночната одговорност за вработените, ако фирмата тврди дека навистина има 1 милион вработени за брза маркетинг операција.

Од Сахара, таквите обвинувања ги отфрлаат.

„Ваквата практика е надвор од било какво очигледно кршење на некој закон, правило, или пропис на Фондот, од страна на Сахара“, изјави портпаролот на групацијата, нагласувајќи дека акцијата на одделот на Фондот не е резултат на било каква жалба, туку станува збор за рутински преглед. „Сите инспекции од октомври 2012 година, ги задоволија службените лица од Фондот, без никакви приговори“, вели тој.

На 1 декември минатата година, Сахара групацијата објави дека располага со работна сила од околу 1 милион платени работници „кои го заработуваат лебот за нивните фамилии“.

Канцеларијата на Фондот за штедење, издаде забелешка до „Сахара“ на 21 декември минатата година, барајќи од групацијата да одговори зошто во нејзините деловни простории инспекторите не смеат да влезат и да пребаруваат, откако таа не ја објави евиденцијата за вработените, и деталите поврзани со уплатите во Фондот за штедливост.

Воедно, неодамна СЕБИ поднесе молба до Врховниот суд да се казни шефот на Сахара, Субрата Рој, заедно со своите две фирми и нивните директори за непридржување до одлуката со која треба да вратат 4.4 милијарди долари на „фантомските инвеститори“.

Владата на Република Македонија пак веќе го објави договорот со Субрата Рој, претставен како еден од главните инвеститори во земјата, според кој, Рој ќе треба да плаќа 121 000 евра годишно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.