Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саи Баба, Горгија и магичните ритуали во Мициленд

0
By Marija Todorovska on July 7, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 7, 2025 16:24

Втор најважен магичен ритуал во мициленд, модус вивенди на мицињата е имагинативна комбинација на Саи Баба и Горгија – креирање на нешто од ништо и контра-нихилизам! 

Тони Науновски

Меѓу другите универзални модели присутни во човечките обичаи низ историјата постои и еден кои обопштено може да се означи како „Баци рака“. Иако се сретнува во различни форми и во различни аспекти на животот, овој социо-антрополошки феномен и транс-историска матрица може да се идентификува во  сите култури. Како животна практика „Баци рака“ е метод со кои човечкиот дух подлегнува на слабоста за покорен но практично полесен секојдневен живот а длабинските мотиви поради кои обичајот бил воспоставен е рефлексија на самиот израз слаб-покорен човек и несомнено постоеле во многу, можеби во сите општества, создавајќи под разни околности различни практики, ритуали и институции, поинакви во подробностите меѓутоа слични по својот општ карактер и претставува митолошка нарација, како оние за кои пишува Фрејзер во „Златна гранка“.

Ритуалот „Баци рака“ се чини дека своја најбизарна форма има добиено кај нас со мицињата, во мициленд. Кај мицињата „Баци рака“ е доведено до совршенство – ништо не може додека не бациш рака, којзнае кај нив може и буквално, судејќи според упорниот но безуспешен напор да изградат култ на личност кон нивниот „лидер“ кои за жал моментно е сеуште на функција премиер. Мициленд самиот по себе е можен само со масовно практикување на „Баци рака“, со целосна покорност кон „главниот“, земја без мислење бидејќи мислењето без критичко мислење всушност не е мислење. Но, после тој магичен ритуал веднаш стануваш зомби! Тело без дух, спротивно на основната Декартова дефиниција за самосвест и егзистенцијален персонален идентитет. И каменот постои но тој не егзистира, не мисли! И мицето постои но не мисли! Така и после иницијацијата,  магичниот ритуал за да се биде мице. Нема автономно мислење, нема критички анализи, нема слобода на говор – има само целосна послушност и папагалско повторување на партиските наредби, одлуки и инструкции, на лагите и манипулативните будалаштини на мицињата, хиерархиски транспонирани. А тешко е да се замисли пострашна судбина и полош живот од тоа да бидеш „глув при уши, слеп при очи“, и да даваш вербална и физичка поддршка на режимот во мициленд, за самиот мициленд, земјата на мицињата – зомби! Нема поголемо понижување од тоа да одиш на баци рака кај мицињата. Па еве погледнете ги ликовите кои до пред една година беа жестоки критичари на мицињата и нивните „политики“ (а всушност, еве се виде, безобѕирна борба за функционерски фотељи и огромни буџетски плати сосе тендери) а потоа наеднаш отидоа на баци рака. Како сега си другарче-мице со истите тие кои те плукале и си ги плукал (метафорично кажано но некогаш и буквално) останува нејасно меѓутоа сигурно не им е лесно. Не дека се за жалење ама сепак се за греота, сигурно имаат некаков облик на посттрауматско стресно растројство. Затоа, Дантеовиот пекол е дизниленд за мициленд! Портите на пеколот се отвораат после тој ритуал, таа иницијација, да бидеш признаено мице! Дали доживуваат екстатично мистично созерцание на себеси при тој магичен ритуал не знам, можеби некој некогаш ќе си ја олесни душата па ќе каже.

Втор најважен магичен ритуал во мициленд, модус вивенди на мицињата е имагинативна комбинација на Саи Баба и Горгија – креирање на нешто од ништо и контра-нихилизам! Главните  мициња се метафизичари, тие (додуше имагинарно) создаваат милијарди евра вредни брзи пруги, поместуваат планини а автопати, намалуваат инфлација, создаваат зголемување на БДП, на индустрискиот раст, создаваат се. Тоа креирање е само илузија, симулакрум, фатаморгана која ја гледаат само мицињата; таа реалност е измислена, другите не ја гледаат, не-мицињата не ја спознаваат, туку само тие – од 4-та економија во Европа(?!!) до милијарди евра вредни проекти. Во реалноста нема ништо, но тоа ништо го гледаат само мицињата –  тие се привилегирани во нивните онтолошки, гносеолошки и семантички капацитети и способности. Со магија тие некако само за нив креираат нешто што ние што не сме мициња не го гледаме, не можеме да го допреме, да го кажеме. Додуше Витгенштајн велеше дека за она за што не може да се зборува,подобро е да се молчи, но сепак Витгенштајн и логичарите од „Виенскиот круг“ не живееле во мициленд, земјата на чудата, земјата на волшепствата. Софистот Горгија од Леонтина (483 -375 година пред новата ера) ја објаснил таа невозможност на спознанието воопшто врз три поставки – ништо нема, непостоечкото не може да постои а исто така не може да постои и постоечкото, а невозможно е и истовремено нешто да биде постоечко и непостоечко (освен за мицињата); ако нешто и би постоело, тоа би било неспознатливо (за нас не-мицињата); а ако и би постоело спознание, не би можело ниту би требало да се соопшти на друг (на не-мицињата) затоа што соопштувањето е можно само по пат на знаци (пропаганда од гебелсовско-ждановистички дувла) кои се разликуваат од самиот предмет а за нивното еднакво значење кај двајца луѓе (меѓу мице и не-мице) не може да се гарантира. И така, мициленд е земја на мицињата, во која од ништо создаваат нешто кое само тие можат да го видат. Мициленд за нас, не-мицињата, не е наша земја.

Текстот е сопственост на Локално.мк

Тони Науновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.