Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сајбер нападите го вклучија алармот на Народна Банка

0
By НОВА ТВ Balaban on March 18, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Исто така, постојано ги јакнеме и супервизорските капацитети на Народната банка во овој сегмент, заради што неодамна формиравме и посебна дирекција за ИТ-супервизија, рече Ангеловска-Бежоска 

Има од 2 до 5 сајбер напади годишно на IBAN броеви на фирми во земјава, беше кажано  по денешната работилница со новинари на тема „Кибербезбедност во финансиите“ во Народната банка, на која присуствуваше и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

За клиентите да се заштитат од овие напади, банките воведуваат дополнителни сигурносни мерки.

– Бројот на сајбер напади во Македонија на фирми не е голем, се движи од 2 до 5 годишно, а се реализира најчесто преку фактурата што ја плаќа фирмата. Затоа ние направивме стоп на IBAN броевите (International Bank Account Number) и за да се заштитат клиентите, ако се појави барање за плаќање со стариот IBAN број, ние наложуваме бројот да се провери и да се внесе дополнителен број, за заштита, беше кажано на маргините на работилницата.

Но има случаи и на неодговорни клиенти кои се случува да не ги разбираат сериозно заканите од сајбер напади во кои може да бидат олеснети за големи парични износи, па кога од банките ги предупредуваат да дадат друг број, дури одговараат „на одмор сум, оставете го истиот број“.

Инаку, финансиските институции се за 300 отсто поверојатна мета на сајбер напади од другите, беше речено на работилницата, а инцидентите во финансискиот сектор се за шестпати поголеми од сајбер инцидентите во другите сектори.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска рече дека „не треба да се откажуваме од придобивките од финтек-секторот, туку постојано да ја јакнеме заштитата против сајбер нападите“. 

– Сајбер нападите се данокот за брзиот глобален технолошки развој. Од друга страна, напредната технологија нуди поразновидни и поевтини услуги во финансискиот сектор. Со цел да се искористат предностите коишто ги носи финтек-секторот, потребно е да му се обрне поголемо внимание на развивањето соодветен систем и механизми за успешен одговор на сајбер нападите, рече Ангеловска-Бежоска.

– Во текот на последните две декади, финансискиот систем значително се измени со појавата на интернетот и користењето на новите информациски технологии. Новите технологии и дигитализацијата доведоа до забрзување на економскиот раст и напредок. Но, брзото проширување на мрежите и технологиите, отворањето на ИТ-системите кон надворешни платформи за комуникација, сѐ повисокиот износ на електронски трансакции доведоа до појава на нов тип на опасност, наречен сајбер ризик. Поновите анализи на глобално ниво посочуваат дека финансиските институции се поверојатна мета на напади за 300 пати во однос на другите институции, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката вели дека поради овие закани, не треба да се занемарат придобивките што ги носи финтек-секторот, туку дека треба да се гради систем од страна на банките и нивниот регулатор, којшто соодветно ќе им одговори на предизвиците.

– Следејќи ги меѓународните стандарди, постојано ги јакнеме регулаторните барања што треба да ги исполнуваат банките, а се однесуваат на јакнење на информациската безбедност. Ова уште повеќе ќе добие на тежина со усвојувањето на новиот Закон за платежни услуги којшто позначително би ги поттикнал дигиталните иновации во финансискиот сектор, а со тоа и потребата за заштита од сајберризици. Исто така, постојано ги јакнеме и супервизорските капацитети на Народната банка во овој сегмент, заради што неодамна формиравме и посебна дирекција за ИТ-супервизија, рече Ангеловска-Бежоска.

Љ.Б.

 

IBAN број алармот Народната банка Сајбер нападите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.