Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сакаме брз развод, љубовта ионака не беше голема

0
By Нова ТВ on June 25, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на шесте земји основачи на Европската унија денес се состануваат во Берлин за да разговараат за последиците на Брегзитот.

Оваа историска одлука на Британците предизвикуваат лутина во европските редови каде владее вистинска политичка мобилизација за намалување на негативните последици на претсојната транзиција.

Првиот човек на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер, познат како човек без влакна на јазикот, изјави вчера на германската телевизија АРД, дека разводот помеѓу ЕУ и Велика Британија нема да биде спогодбен развод.

“Ова не е спогодбен развод. Треба да се каже исто така дека ова и не беше некоја голема љубов”, рече тој.

Јункер: “Ова не е спогодбен развод. Треба да се каже исто така дека ова и не беше некоја голема љубов”.

И побара од Лондон веднаш да го поднесе своето барање за напуштање на ЕУ:

“Не разбирам зошто британската влада има потреба да чека до октомври за да реши дали го праќа барањето за развод во Брисел. Би сакал тоа барање да го видам веднаш”.

На денешната министерска средба во Берлин шесте основачи на ЕУ, Париз и Берлин на своите партнери ќе им презентираат “конкренти солуции” за да ја направат ЕУ “што поефикасна”, изјави францускиот министер Жан-Марк Ејро.

Ангела Меркел ги покани во понеделник францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренци.

Според Јункер, по Брегзит, “Германија ќе продолжи да ја игра централната улога, можеби дури уште поважна во рамките на ЕУ”, рече Јункер за германскиот дневник Билд.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц вчера изјави дека одлуката на Дејвид Камерон да ја напушти премиерската функција во октомври е «скандалозна». «Тој сите нас не држи како заложници», луто изјави Шулц.

Шулц: Одлуката на Дејвид Камерон да ја напушти премиерската функција во октомври е “скандалозна”. “Тој сите нас не држи како заложници”.

Останатите 27 членки на ЕУ со нетрпение ја очекуваат идната недела кога треба, на самит во Брисел, да се сретнат со Камерон. Но, лидерите на 27 членки ќе одржат состанок без Камерон за да ги договорат пораките на разочарување кои потоа ќе му ги пренесат.

брегзит Европска унија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.