Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сакате место на преговорите во Виена? Одете на мирен протест!

1
By Светлана Јовановска on April 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 19, 2016 12:27

Има само еден единствен начин на кој граѓаните можат да влијаат на преговорите кои се закажани во петок во Виена. Тој начин е мирен масовен протест. Колку помасовен и помирен, толку повлијателен.

Ова се зборови на еден европски функционер изречени минатата година кога македонските граѓани ги почнаа првите протести мотивирани од скандалот на прислушувањето. И кога почнаа првите преговори помеѓу четирите партии, ЕУ и САД.

Оние кои стравуваат дека Јоханес Хан, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан ќе ни зготват нова манџа која повторно ќе има горчлив вкус треба да бидат подготвени во тоа јадење да стават зачини според вкусот на Македонија. Доколку македонските граѓани не го пратат својот рецепт во Виена, ЕУ и нејзините претставници ќе зготват брза манџа која нема да им биде по вкус.

Оттука, неопходно е граѓаните да учествуваат на виенските преговори. Преку мирни и масовни протести со конструктивна, кредибилна и изводлива порака каква што почнува да се формулира на протестите.

Да не заборавиме дека за ЕУ единствен приоритет е стабилноста на Македонија а преку неа и стабилноста на целиот регион. Можевме на нашиот пример да видиме дека ЕУ ги поддржува балканските влади кои немаат многу заедничко со демократијата. Се во име на стабилноста. Токму таа формула, а не некаква недокажана корумпираност на Хан, не доведе таму каде што сме сега.

Не вреди да се обвинува комесарот Хан за корумпираност доколку неговите рецепти не ни се допаѓаат како што тоа беше случај во текот на минатата година.

– Не губете време со непродуктивни обвинувања од типот дали Хан е корумпиран или не. Ако некој мисли дека е, тогаш тоа треба да го докаже па да се реагира но тоа е друга приказна, велеше лани истиот функционер кога на дебатите и социјалните мрежи во Македонија се нижеа вакви обвинувања.

Дали во Виена ќе се договори Пржино 2 или Пржино 1бис или нов виенски договор не е воопшто важно. Факт е дека решението на кризата мора од улица да се префрли во институциите и таму да заврши. Но тие институции треба да бидат во ново руво и токму тоа е борбата на луѓето кои секој ден се на протест.

Целта на Хан е протестите да завршат што е можно побрзо и партиите да седнат повторно на маса. Нему не му е многу важно каков договор партиите ќе постигнат. За него е важно тоа да биде направено што е можно побрзо за да може што е можно побрзо да им се врати на другите проблеми за кои е задолжен како на пример Украина.

Во Виена лесно може да дојде до брз договор полн со нови фалинки. За да се избегне тоа, најголемиот притисок мора да дојде од протестите. За да се слушне конечно гласот на народот на кој толку многу се повикува бившиот премиер.

Македонските граѓани можат и мораат да ја натераат Виена да го чуе нивниот мирен но решителен глас. Денес, утре, задутре, во петок а и потоа, протестите треба да продолжат, се додека не се добие договор кој ќе и овозможи на Македонија да излезе на избори. Но не на кредибилни избори, како што вика Хан. Македонија не треба да се задоволи само со кредибилни избори. На Македонија и требаат избори со сите демократски атрибути – фер, демократски и слободни избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.