Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сали: Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на пациентот со цистична фиброза, обезбедени средства за лек за осумте најтешко болни

0
By Ана Василевска on February 9, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Министер за здравство Беким Сали
Министер за здравство Беким Сали
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство не би било најодговорната институција за смртта на пациентот со цистична фиброза, кој не дочека набавка на лекот „Трикафта“, рече ресорниот министер Беким Сали.

По денешната посетата на Општа болница Струга, прашан дали чуствува одговорност за смртта на младиот битолчанец, тој рече дека на време пријавиле и побарале поддршка од Владата и Министерството за финансии, за да одговорат позитивно на барањето за третман на пациентите со цистична фиброза.

„Вчера изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата, со кои сум во постојана комуникација. И они ја знаат мојата спремност за решавање на тој порблем кој за жал беше наталожен од други фактори, а не од Министерството за здравство. Имајќи предвид дека Министерството не ги купува лековите, туку го организаира системот и правно го овозможува давањето ингеренции на установите со што можат да располагаат и како да се организираат“, изјави Сали.

Тој посочи дека вршат измени на три закони, кои ќе овозможат директно преговарање со производител на лекови.

„Со денешна одлука на Фондот за здравствено осигурување, а во меѓувреме треба да се одржи и седницата на Управниот одбор треба да се одлучи за дополнителен буџет кој ќе се одобри на педијатрија за да може да обезбеди лекови „трикафта“ за пациенти кои се во критична состојба“, рече Сали.

Според него, осуммина се во критична состојба и уште 22 се во фаза на средно тешка состојба.

Претходно, тој на својот фејсбук профил сподели дека денеска се обезбедени 140 милиони денари буџетски средства за набавка на лекот „трикафта“ за осум пациенти со цистична фиброза.

Лекови за цистична фиброза лекот „Трикафта“ Министер за здравство Беким Сали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.