Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Сали: Во клиниката Жан Митрев за три години биле извршени три редовни и девет вонредни инспекцски надзори

0
By Соња Крамарска on July 20, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Беким Сали денес на прес-конференцијата околу случајот со Клиничката болница Жан Митрев информираше дека во болницата биле извршени три редовни и шест вонредни инспекциски надзори.

Во моментов се одвива, рече тој, работен состанок со Малмед и претставници  од клиниката Жан Митрев околу тврдењата за клинички испитувања врз пациенти и дали тие се вршени согласно важечки прописи.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова – Бухова појасни дека трите од инспекциските надзори биле редовни а девет биле вонредни.

„За овие девет во болницата Жан Митрев, пет се сомнеж за лекување вон протокол. Тоа се за пациенти кои се починати во оваа болница. Во однос на другите надзори еден е од октомври 2020 година тоа е за пациентка која е оперирана од кардиохируршка интервенција, испишана на домашно лекување  и после неколку дена примена на Клиника за кардиологија каде е изолирана бактерија, по што Клиниката за кардиологија го пријави случајот кај нас. Направен е вонреден инспекциски надзор и побаран е и стручен надзор. Другиот надзор беше за пациентка која е по грешка ставена во список на починати лица во оваа болница. Паралелно во овој надзор беше опфатено и барањето на епидемиолозите од Институт за јавно здравје дека од споменатата болница немаат редовно пријавување на заразни болести, бактерии и починати лица. При вонредниот инспекциски надзор ДСЗИ констатираше одредени недостатоци како што е динамика на пријавување на заразни болести и пријавување на бактерии и констатиран е пропуст во начинот на водење евиденција на лица со заразни болести. Беше издадено решение и при направената контрола по решение, пропустите беа отстранети“, рече Бухова.

Другиот надзор бил заради недостигот на кадар кој е опишан во дозволата на болницата. ДСЗИ по пријава издал забрана за функционирање на педијатриската ординација на примарно ниво, и невролошката и оториноларингологија во секундарна здравствена заштита се до моментот додека не се обезбеди кадарот, дополни директорката на Инспекторатот.

Околу наодите за актуелните состојби кои ги изнесе ИРЛ во ТВ документарецот, министерот Беким Сали одговори дека се испитуваат и дека не може да се очекуваат финални резултати за 48 часа. „Спремноста за соработка со ОЈО е голема, соработуваме со сите органи кои ќе побараат со нас соработка“.

Во врска со користењето хемофилтрација како метода за лекување на ковид за која семејство на починат пациент во клиниката Жан Митрев тврди дека хемофилтрацијата е причината бидејќи таа метода не била на листата на лекови против ковид, а новинарскиот документарец вели дека кардиохирургот Митрев дополнително вршел и непријавени клинички испитување над пациенти за ефикасноста на лекот, министерот Сали одговори дека во ниту една држава во светот немало листа на лекови против ковид, бидејќи болеста е нова и не можеше да се лекува според медицина базирана на докази.

„Но доколку  се открие дека во болницата се вршени клинички испитувања без потребната документација, ние тоа ќе го објавиме и ќе бидат преземени мерки“, изјави министерот.

Казната за тоа, како што дознава НоваТВ изнесува и до 50.000 евра. За дилемата што во документарецот ја изнесе директорката на Инфективната клиника, дека на оваа клиника ковид пациентите не биле лекувани со хемофилтрација, министерот рече дека тоа само значи дека оваа метода не е применувана таму а не и дека е штетна, и дека нови методи користат лекарите во зависност од нивната лична стручност, иновативност и вештини.

Во врска со обвинувањата дека болницата на Жан Митрев не ги исполнува условите да биде клиника како што се реферира, бидејќи од потребните 9 оддели има само пет, а добила работна дозвола за тоа во октомври 2019 година, министерот наброја повеќе оддели во клиниката кои ја надминуваат потребната бројка од девет. Беше појаснето и дека клиничката болница Жан Митрев има рок од 12 месеци по укинувањето на кризната состојба за ковид, да го дополни својот медицински персонал со законски потребните стручни кадри.

Беше изнесен и податок дека од 161 пријава за стручен надзор во здравството само четири биле за Жан Митрев, а пријавата за починатиот пациент кој е дел од новинарската сторија пристигнала во октомври 2021 но дека поради ковид кризата се пролонгирала нејзината обработка.

Во моментов, како што беше речено на прес-конференцијата, претставници на клиниката Жан Митрев и Малмед се на состанок за расчистување на информациите околу користењето на методата хемофилтрација. (С.К.)

Беким Сали клиника Жан Митрев прес конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.