Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Салији: СЈО ќе стане посебен оддел на Јавното обвинителство

0
By Нова ТВ on September 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор за период 2017-2022 година предвидено е Специјалното јавно обвинителство да стане дел од Јавното обвинителство на Република Македонија, како посебен оддел кој ќе се занимава со повисоки кривични дела. Ова го изјави министерот за правда Билен Салији на денешната прес-конференција по повод 100 дена од формирањето на Владата.

Тој рече дека се работи на подготовка предлог закон за заштита на сведоци.

Во врска со препораката на Прибе,  судиите да одговараат кривично доколку сториле кривично дело, рече дека неговата основна препорака е Министерството за правда, односно политиката да е подалеку од судството.

– Ќе настојуваме да се оформат законски решенија за понезависно функционирање на системот, истакна Салији.

Во врска со предложениот закон за аменстија, министерот не прецизираше колкав ќе биде бројот на оние кои ќе бидат опфатени со него.

– Работната група која го изготвуваше Предлог законот, веројатно ги имала предвид сите фактори и сите елементи. Затоа и Владата одлучи да се организираат стручни расправи и дебати. Според некои проценки над 3.000 луѓе лежат во затвор, а над 4.000 веќе чекаат да дојдат на ред да издржуваат казни,  рече Салији, додавајаќи дека законот нема да биде донесен пред изборите.

Во врска пак со законот за јазиците, министерот Салији појасни дека било одлучено по усвојувањето на овој закон од Собранието на РМ, тој да се прати  на мислење во Венецијанската комисија заедно со двете спорни одредби кои се однесуваат на хартиените и кованите пари, како и за униформите на АРМ.

ЈО Салији СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.