Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само 1,3% од младите девојки користат орална контрацепција

0
By Нова ТВ on September 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2013 13:37

Како да им се обезбеди модерна контрацепција на младите во Македонија? Само 1,3% од младите девојки до 29 години користат орална хормонска контрацепција

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го одбележа Меѓународниот ден за контрацепција со младинската конференција „Како да им се обезбеди модерна контрацепција на младите во Македонија„. Одбележувањето на овој меѓународен ден има за цел да ја зголеми информираноста, но и да порача дека секоја бременост треба да биде посакувана.

На конференцијата уште еднаш беа истакнати статистичките податоци, кои што јасно укажуваат дека многу мал процент на млади во Македонија користат модерна контрацепција, а особено орална хормонска контрацепција. Според истражувањата спроведени во нашата земја само 1,3% од младите девојки до 29 години користат орална хормонска контрацепција.

Даниел Калајџиески од ХЕРА, истакна дека со постоечките национални стратегии за сексуално и репродуктивно здравје е препознаена финансиската бариера како еден од факторите за малата употреба на контрацепција. Во нив се предвидува воведување орална хормонска контрацепција на позитивна листа, како и посебни програми со кои што ќе се обезбеди и за ранливите и социјално исклучени категории на граѓани. Од нивното донесување, па се до денес не е ништо направено од страна на државните институциите за спроведување на стратегиите во овој сегмент. На сметка на тоа младите немаат пристап до модерна контрацепција, која што е дел од основната здравствена заштита.

Деспина Димитрова, волонтер во ХЕРА смета дека доколку нивната цена се намали, односно тие бидат на товар на државата многу повеќе млади девојки ќе може да си ја дозволат истата. За младите луѓе месечниот издаток за контрацепција е преголем, ако се земат предвид останатите трошоци што тие ги имаат, но и нивната економска зависност.

Ивана Давидовска, Претседател на Националниот младински совет на Македонија, на крај посочи дека младите луѓе треба да имаат можност да направат слободен избор за нивното сексуално и репродуктивно здравје. Инвестирањето во здравјето значи инвестирање во здрави животни навики, особено кај младите луѓе. Контрацепцијата е токму еден значаен дел од целокупното сексуално и репродуктивно здравје на младите. Статистиката во однос на употреба на контрацепција кај младите во Македонија јасно ни посочува дека е потребен напор за да се подобри оваа состојба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.