Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само 18 % граѓани се задоволни од услугите на јавната администрација

0
By Нова ТВ on December 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само 18 отсто од граѓаните се задоволни од услугите на јавната администрација. Поединечно по институции, најзадоволни се од работата на Министерството за внатрешни работи, односно од службите за издавање патни исправи, додека најмалку се заодоволни од работата на центрите за социјална политика.

Ова денеска го посочи Дијана Жупановска, од Центарот за европски стратегии, Евротинк презентирајќи ги резултатите од истражувањето, кое Центарот го спроведе заедно со Македонска платформа против сиромаштија, прво од ваков вид.

Истражувањето денеска им беше презентирано на претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, а понатаму планирано е да се оди до надлежните министерства со цел да се посочат проблемите содржани во него.

Жупановска истакна дека 63 отсто од граѓаните сметаат дека за да добијат некоја услуга од јавната администрација потребно е да имаат врски.

– Сето тоа укажува на клиентелистичкиот однос и недостапноста на услугите за сите граѓани. Ова се должи пред се на недостигот на финасиски и човечки ресурси, додава таа.

Моментно државата обезбедува околу 150 јавни услуги кон граѓаните. Според извештајот на Народниот правобранител од 2016. втори по бројност се претставките, кои се однесуваат на работата на органот надлежен за матична евиденција на граѓаните, Управата за водење на матични книги, особено Одделението, што ги покрива матичните подрачја за град Скопје и неговите општини.

Билјана Дуковска, претседателка на Македонска платформа против сиромаштија, појасни дека ова истражување е дел од активностите на кои веќе една година Платформата работи заедно со Фондот за население на ОН во областа на популационите регистри, при што произлегла соработката со Министерството за информатичко општество и јавна администрација во насока на разработка на најавуваниот електронски регистер на население.

– Извештајот лоцира дека најголем проблем имаат оние кои се неуки или обесправени и при тоа се ограничени да си ги бараат своите права. Здравствените услуги или она што им следува како право во сферата на социјалната заштита се едни од најкритичните, бидејќи во таа категорија најчесто се најсиромашните и најранливите категории, вели таа.

Додава дека заклучок на Платформата е дека семејствата кои живеат во сиромаштија не излегуваат од неа, туку тоа се пренесува и на другите генерации.

Евротинк истражување јавна администрација услуги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.