Од околу 1110 училишта во Македонија, само 36, 21 основно и 15 средни побарале физичка настава во новата учебна година која ја за прв пат ќе почне на први октомври, јавува Телма.
Рокот за да се поднесе барање истекува денеска, а преставници на МОН и владата кои формираа и комисија ќе ги разгледуваат документите, пред да донесат конечна одлука на кои од школите ќе им се дозволи да ги примат учениците назад на училиште.