НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само двајца тетовчани и двајца скопјани лани побарале помош да се откажат од пушењето

0
By НОВА ТВ Balaban on May 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само четворица пушачи, и тоа двајца тетовчани и двајца скопјани, лани побарале стручна помош за да се откажат од зависноста од никотинот во советувалиштата при центрите за јавно здравје во земјата. На слабиот одзив за откажување од овој порок влијаел стравот од инфекција со коронавирусот, вели проф. д-р Елена Ќосевска, раководителка на одделот за здравствена промоција и превенција на болести во Институтот за јавно здравје на РСМ на денешниот Светски ден за борба против пушењето.

Дури 46 отсто од населението во Македонија на 15 – 64 годишна возраст се активни пушачи. Податок што е многу загрижувачки и нѐ става нас во една од земјите со најмногу испушени цигари на годишно ниво, според бројот на жители. Пушењето придонесува за околу 8 милиони смртни случаи годишно и е на второ место по смртноста во светот во 2017 година, споредено со другите ризик фактори, алармираат од ИЈЗ и од канцеларијата на СЗО во Скопје.

Во светот, во просек, еден од петмина возрасни луѓе пушат, а во 10-те земји со најголем број на пушачи, со околу 39 отсто од возрасната популација, се: Русија, Србија, Босна и Херцеговина и Чиле.

Проф. д-р Ќосевска вели дека на пушачите во земјата им се достапни 10 советувалишта за одвикнување од пушењето.

– За жал, стравот од корона влијаеше во минатата година да има толку мал број граѓани коишто побарале помош за одвикнување од пушењето. За споредба, од 2014 до 2020 година околу 500 луѓе пројавиле интерес да се откажат од овој порок во советувалиштата коишто се организирани според моделот во Србија и каде откажувањето од пушењето се одвива во групни дискусии, но и преку индивидуална работа со зависниците. кој како сака. А преку тестови прво се докажува  степенот на зависност па оние од прв и втор степен може да се одвикнуваат од пушење во советувалиштата, додека оние потешките зависници мора да се третираат на клиниките за пулмологија, Институтот за  белодробни заболувања и ТБЦ – додава д-р Ќосевска. Таа нагласува дека откажувањето од зависноста од цигари во советувалиштата е бесплатно за сите кои што ќе пројават желба да се одвикнат од овој порок.

За 12 часа без цигари, нивото на јаглерод моноксид во крвта во нормала

СЗО неодамна започна со едногодишна глобална кампања за Светскиот ден без тутун 2021 – „Посвети се за да се откажеш“, којашто има за цел да поддржи 100 милиони луѓе во светот во нивниот обид да се откажат од тутун преку разни иницијативи и дигитални решенија.

Во светот, околу 780 милиони луѓе изјавуваат дека сакаат да се откажат од пушењето, но само 30% од нив имаат пристап до алатките кои што можат да им помогнат да ги надминат и физичките и менталните зависности од тутун.

Заедно со партнерите, СЗО ќе им обезбеди на луѓето алатки и ресурси потребни за успешен обид за откажување.

Пандемијата Ковид-19 доведе до тоа милиони корисници на тутун да сакаат да се откажат. Сепак, откажувањето од тутун е предизвик, особено со дополнителните социјални и економски стресови кои што се предизвикани од пандемијата.

М-р Сања Прошева од Институтот за јавно здравје потсетува дека постојат непосредни и долгорочни здравствени придобивки од откажувањето од тутун.

– По само 20 минути откажување од пушење, срцевиот ритам паѓа. Во рок од 12 часа, нивото на јаглерод моноксид во крвта паѓа во нормала. Во рок од 2–12 недели, се подобрува циркулацијата и функцијата на белите дробови се зголемува. Во рок од 1-9 месеци, кашлањето и отежнатото дишење се намалуваат. Во рок од 5-15 години, ризикот од мозочен удар се намалува колку ризикот кој го има непушач. За 10 години, стапката на смртност од рак на белите дробови е околу половина од онаа на пушачот. Во рок од 15 години, ризикот од срцеви заболувања е како на непушач – вели Прошева.

Се трошат 1.3 трилиони долари за лекување на болните

Д-р Мартин Петровски предупредува дека освен што влијае врз здравјето и предизвикува голем број на нарушувања, освен на срцето, крвните садови, белите дробови, пушењето може и трајно да го ослепи човекот, овој порок секако удира и врз џебот.

– Истражувањата покажуваат дека пушачите трошат и до 1.4 милиони долари за цигари,  медицински трошоци. Пушењето влијае и врз продуктивноста на пушачите. Употребата на тутун ја товари светската економија со трошок од 1.3 трилиони долари за лекување на болните како последица од пушењето и изгубените животи како последица од пушењето. Пушењето води кон сиромаштија, бидејќи помали средства за неопходни работи се насочуваат за купување на цигари – вели д-р Петровски, кој во презентацијата по повод Светскиот ден против пушењето зборува за 100те причини за откажување од пушењето.

Меѓу нив се и оние дека пушачите имаат зголемена веројатност за неплодност. Со престанок на пушењето, се зголемуваат шансите за бременост и основање на фамилија.

Пушењето предизвикува импотенција. Го намалува крвотокот кон пенисот и води кон невозможност за ерекција. Тоа може да остане трајно, доколку пушачот не се откаже рано од пушењето! Исто така, пушењето го намалува бројот на сперматозоиди, нивната подвижност и облик.

Се произведуваат 6 трилиони цигари – штетни се како  3 милиони трансатлантски летови!

За производство на тутун се користат различни пестициди што може да водат кон загадување на локалните води.

На годишно ниво се произведуваат околу 6 трилиони цигари или околу 300 милијарди кутии. Ако секоја кутија тежи 6 грама, тоа значи дека околу 1 800 000 тони отпад  се прави од истите кутии.

За секои 300 произведени цигари се сече едно дрво!

Штетните емисии од производство на цигари е еднакво на 3 милиони трансатлантски летови!

Љубица Балабан

Елена Ќосевска ИЈЗ Мартин Петровски против пушење Сања Прошева Светски ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.