Published: Wednesday, June 24, 2015 18:52
Само две понуди стигнале на јавниот повик за избор на идејно решение за изгледот на излозите во Старата скопска чаршија.
Министерството за економија од двете решенија, за кои е доделена втора и трета награда, ќе направи комбинација за тоа како ќе изгледаат излозите, а трошоците за уредувањето ќе ги покријат Министерството за економија и Општината Чаир.
Втората награда ја добила фирмата „Фајнарт мултимедија“ која има идејно решение за излог за златарница, а третата е за фирмата „БИМС компани ДООЕЛ“.
Идејата за унифициран изглед на дуќаните во Старата чаршија не наиде на позитивен прием меѓу дуќанџиите и експертите, кои беа против нарушувањето на автентичноста и духот на чаршијата.




