Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само еден процент од возилата на патиштата во Европа во 2018 година биле електрични

0
By Нова ТВ on April 1, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наспроти растот на новопродадени возила со алтернативен погон во Европа, нивниот удел на патиштата во 2018 година е само 3,8 проценти. Од нив 0,7 проценти биле хибридни, 0,2 проценти електрични на батерии и 0,1 процент плаг-ин хибрид, се вели во соопштението на „Макпетрол“.

Тоа е мал удел, нагласуваат од компанијата, за остварување на целите на Европската Унија до 2050 година. Патниот транспорт во Европа е најголем извор на CO2 гасови и учествува со околу 20 проценти во вкупната емисија на штетни гасови. Автомобилите се најголем проблем и емисијата од нив е во постојан раст.

Со цел поттикнување на поголема продажба на возила со 0 или ниска емисија на штетни гасови до 50 грама CO2 на еден километар, од 2025 година во Европската Унија стапува на сила систем на кредити, така што во зависност од уделот на вакви возила во вкупно продадените возила, производителите ќе добиваат „кредити“ за поголема емисија на CO2 од конвенционалните модели кои ги продаваат, потенцираат од нафтениот гигант.

Со ЕУ директивата 2020/21, CO2 стандардот за нови возила е 95 грама на еден километар и производителите на автомобили веќе нудат околу 200 плаг-ин модели на електрични возила на пазарот во Европа. Дополнително, ограничувањето од 95 грама на еден километар ќе се намали за 15 отсто во 2025 и 37,5 проценти во 2030 година.

Сепак, според компанијата која се повикува на последните податоци на Асоцијацијата на производители на автомобили во Европа (АЦЕА), се истакнува дека два процента од сите продадени возила во Европската Унија во 2018 година биле електрични, а 3,8 проценти биле хибридни возила.

Акцентот на возила со 0 емисија на штетни гасови е јасен, доколку се земе предвид дека две третини од нафтата во Европската Унија се користи во транспортот. Струјата од обновливи извори е единствен енергенс што ЕУ може да го произведува локално, додека европскиот пазар е целосно зависен од нафта од увоз. Нафтата и нафтените деривати учествуваат со околу една третина во вкупната потрошувачка на енергија во Европската Унија, додека околу 90 проценти од потребите за нафта и нафтени деривати Европската Унија ги задоволува од увоз.

Со цел декарбонизација, засега најдобра и најшироко распространета технологија за нулта емисија на штетни гасови се електричните возила на батерии, пишува во Извештајот на Европската федерација за транспорт и животна средина (ЕФТЕ). Цените на електричните модели сè уште се високи во споредба со конвенционалните дизел и бензински возила, но според „Блумберг“ електричните возила во некои сегменти се очекува да се изедначат со конвенционалните модели околу 2022 година.

Според Европската федерација за транспорт и животна средина најважно за потрошувачите во Европа се вкупните трошоци за поседување на возилото, односно при избор на ново возило сѐ повеќе се земаат предвид и трошоците за гориво, одржување и регистрација и осигурување. Истражувањето на Организацијата на потрошувачи на Европската Унија покажува дека во 2024 година во просек трошоците за користење на електрично возило во текот на четири години ќе биде исто со тие за возење на бензинско или дизел-возило, се вели во соопштението на „Макпетрол“.

CO2 автомобили Европа Електрични Хибридни Штетни гасови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.