Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само плашливци само манипуланти и само партиски популисти бегаат од битки

0
By Marija Todorovska on April 21, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

На врвот на ДПМНЕ кому како карактерна легитимација му припаѓаат неколкуте атрибути од насловот на овој текст, како кец на десетка му дојде изјавата на оној анонимус Георг Георгиев, актуелен министер на новата климава бугарска влада и еден од веќе дваесеттината тамошни министри за надворешни кои на темата Македонија и ЕУ што предизборно, што постзборно си ги испочешлаа партиските јазици за поен, два плус на тамошната бугарска изборна сцена.

Бугаринот изјави дека уставните не биле единствениот услов за Нашата да ги почне ЕУ преговорите па во некој негов интервју контекст, покрај уставните, условно ги спомна и протоколите и комисиите.

Протоколите и комисиите, таа стара и веќе кородирана јадица на која пак се закачија медиумите, а на која владта предводена од ДПМНЕ, во духот она нејзино и извтвено „ви рековме”, пропагандистички воскликнува со истите свои манипулации на темите истории и идентитети.

И пак истата партиско медиумска финта па еве, и со оваа најнова анти ЕУ тирада без повод, идентично како и предизборно лани, пак и пак со популистичка магла.

Магла партиски и магла медиумска за некаков загрозен идентитет.

Истата гачка што годиниве минати ја изнаслушавме а, притоа, ниту идентитет изгубивме ниту бутур.

Ниту пак е тоа можно. Ниту е можно да се преродат историски факти кои се замрзнати во времето на нивните случувања и кои се депонирани во нашите и во светските архиви.

Ниту пак идентитет може македонски да се загрози и загуби покрај милијардите редови македонски слова распослани по македонските учебници и литературни дела вгнездени во институтите, училиштата, универзитетите, библиотеките, катедрите, ректоратите.

Затоа, ајде доста со лагите историски и идентитетски.

Ако сте фраери, барем малку ако сте како што од актуелните позиции се перчите, ќе влезете во битки.

Ќе го изгласате уставниот услов за отворање на ЕУ кластерите, ќе ја поттурнете Македонија во која, нели, се колнете и ќе ги почнете преговорите.

Вака, со тоа отрцаното „ви рековме“, само бегате кукавички и не’ предавате без битка.

Без битка.

Си најдовте нова рачка во изјавата на оној несреќник случаен министер во климавата бугарска влада за да продолжите со провидната партиска агенда на лажна гордост на најбедната европска држава. И си најдовте нова рачка и натаму да ја туркате земјава во изолација во намерата да си владеете без европски надзор.

А многу е едноставно.

Со Бугарија конечно треба да се се судриме на европскиот терен. Без тој чин сето друго е манипулирање со чувствата на граѓаните.

Треба да се влезе во битка, брзо да се случат уставните, брзо да се почне со ЕУ преговорите, да почнат отворањата на поглавјата со тоа и на реформите и да се престане со претпоставките дека на евро патот Бугарија ќе продолжела да не’ уценува со некакви неевропски дребулии како истории и идентитети.

Значи, баталете претпоставките за тоа што тоа ќе правела Бугарија. Темата е што ќе правиме ние. Ќе влетаме во ЕУ битка или кукавички и манипулативно и натаму ќе стоиме настрана од ЕУ.

Но ајде, еве, ако Бугарија навистина, дури и пред очите на сите други ЕУ членки останува на најавите за некакви нејзини историски и идентитетски хирови, нам, на Македонија, ни остануваат две силни алатки да ги отфикариме тие и таквите бугарски небулози и тоа заедно со се некои евентуални нивни потпомагачи.

Првата, да ги замрзнеме ЕУ преговорите и, втората, да ги напуштиме ЕУ преговорите.

Ете, просто.

Затоа, ДПМНЕ, доста со блефирања и ајде, ако сте мажи, истрчајте на ЕУ теренот зашто само плашливци само манипуланти и само политички популисти бегаат од битки.

Само таквите.

битка Бугари Бугарска Влада георг георгиев ЕУ Зоран Иванов популисти Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.