Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само Студентскиот дом „СТИВ Наумов“ ја има Верка-инженерка!

0
By Нова ТВ on March 18, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 18, 2013 12:36

Наредени како армија, студентите кои престојуваат во најголемиот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, се брзаат за да ги „фатат“ топлите банички на Верка- Инженерка.

Жената за која е измислена изреката „Верка-Инженерка за банички е ѕверка“ е единствената позитивна работа по кое што се разликува овој студентски дом од другите.

Во случај на некој студент да му се пријаде, а мензата и бифето се затворени, нема потреба од грижи. Единствено што треба да направи е да почека да дојде 22 часот и мирисот на тазе зготвените банички ќе го победи гладот.

Мирисот на банички доаѓа од една мала просторија каде се пече тестото, за во вечерните часови, почнувајќи од 22 па се до 4 часот наутро, студентите да можат убаво да се најадат . Во просторијата на која ќе можете да го здогледате графитот на кој пишува „Мисли критички“, годините никако да поминат.

Нејзината ќерка Тина, која веќе неколку месеци ја заменува, ни раскажа како приказната за Верка започнала пред петнаесетина години. Од тогаш, па до денес поминале многу генерации кои ги вкусиле нејзините банички.

Верка работи во состав на Државниот студентски центар „Скопје“(ДСЦ) и секој студент кој е сместен во некој од студентските домови кои се во закрило на ДСЦ, може да си купи банички со бонови.

Од она што ни го кажаа студентите, вистинска борба се води за да се стигне до сирењачињата и баничкита со сирење, додека многумина ги одбегнуваат баничките со месо т.е. со кромид – како што велат тие. Освен банички, студентите имаат можност да си купат со боновите и јогурт, па дури и по некој еклер и тулумба.

„Јас сум чест муштерија и обично купувам повеќе банички, за мене и за моите цимерки, па затоа останатите кои чекаат во редицата кога ќе ме видат со ќесето, ме колнат. Но, среќна сум што постои Верка, бидејќи знам дека има од каде да си купам за јадење кога ќе ми се пријаде во доцните часови,“ низ смеа вели студентката Анита Иванова.

Иако за овој студентски дом не може да се слушнат добри работи, освен приказните за добро поминатите журки, Верка е синоним на уникатност и мала трошка радост која покажува дека сè што доаѓа од овој студентски дом не е лошо.

Емилија Петреска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.