Уште четворица повредени во сообраќајката на автопатот Струма денеска се отпуштени од „Пирогов“, соопштија од болницата.

Медицински тимови од Македонија и Србија ги презеле пациентите за да ги однесат дома.

Еден од повредените останува на опсервација на Клиниката за неврохирургија во Софија. Тој претходно имал две успешни операции на потколеницата и ‘рбетот.

Од болницата информираа дека сите пациенти биле стабилни и во добра општа состојба.

Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија е во стабилна состојба.

Според информациите од амбасадата в среда седмиот пациент ќе биде пуштен од „Пирогов“.