Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самохраните мајки непожелни кај работодавците

27
By Нова ТВ on January 29, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 29, 2017 14:04

Пишува: Наташа Ристеска, студентка по новинарство

Ружица е 42 годишна ,самохрана мајка на 2 деца. Веќе 10 години е разведена. Покрај дискриминацијата со која се среќава постојано и борбата за егзистенција, таа раскажува колку е тешко, разведена жена да најде работа.

Ружица вели дека првото прашање кое и го поставуваат најголем дел од работодавачите  е “Дали сте мажена?“. Кога ќе добијат одговор “, Самохрана мајка сум, имам две деца“, понатаму не сакаат воопшто да разговараат.

Нејзината голгота со вработувањето започнала откако се развела со нејзиниот сопруг, кој бил насилен , ја тепал поради што некогаш завршувала во болница. Безуспешно барала работа, отфрлена од општеството и работодавачите, разведена со две мали деца, Ружица била непожелна за вработување.  Таа и нејзините две деца живееле од   социјална помош од  3.600 денари од кои не можеле да се прехранат.

Во меѓувреме со денови поминувала низ судските лавиринти во обид да добие  алиментација за своите деца, а поради неефикасноста на институциите алиментација за децата  добила дури по неколку години.

Случајот со нашата соговорничка Ружица, не е единствен.

Марица Муминовиќ, млада мајка на две малолетни деца, вели дека најтешко и паѓало кога ќе ја одбиеле за работното место на кое конкурирала иако била соодветна за таа позиција. Секогаш  одговорот бил  “Не’ ни одговарате, нас ни треба вработена која може да работи на смени“. Таа вели дека оваа реченица ја има слушнато неколку стотици пати.

Животот на самохраните мајки се сведува на исти маки. Тие се константно во потрага по работа, а тие што успеале да најдат каква таква работа живеат во страв да не ја изгубат, во моментите кога брзаат своите деца да ги земат од градинка или од училиште.

Без институционална поддршка меѓу мизеријата  како разведени жени и пеколот во бракот, поголемиот број од нив избираат да се вратат назад, во пеколот.

Самохраните мајки велат дека немаат никакви бенифиции во оваа држава, дека наместо државата да им помогне од нив прави социјални случаи.

Една од жените со која разговаравме, ни раскажа дека успеала некако да најде работа, за ниска плата. Но, тие средства не биле доволни за да плаќа кирија, режиски трошоци и да се прехранат со нејзините деца. Вели дека нема никаква институционална поддршка.

„Ќе работам и 15 по часа, но децата ќе бидат оставени сами, ќе растат без родителска грижа и љубов. Затоа, морав да се вратам назад кај сопругот. За кратко ги спасив од татко алкохоличар, а сега сме пак заедно. Разочарана сум од општеството,  немам никаква помош ниту од државата, ниту од таткото“, вели нашата соговорничка Марија.

Во Македонија нема статистика колкав е бројот на самохрани мајки. Дороти Пачкова, претседателка на Здружението „Една може“, вели дека еднородителските семејства не се ни спомнати во Законот за работни односи.

„Немаме конкретна бројка на невработени самохрани мајки. Но, факт е дека  тие се соочуваат со проблем при вработување поради тоа што воопшто ги нема во Законот за работни односи“-вели Пачкова.

Во ситуација кога законите не предвиделе никакви бенефиции, ниту предност во вработување, економскиот статус на самохраните родители е опфатен повремено во некои  проекти или програми. Таква беше и програмата за намалување на невработеноста што ја спроведе Агенцијата за вработување на Македонија.

„Беше упатен јавен повик до сите заинтересирани работодавачи, кои имаат потреба за вработување на неопределено работно време, да вработат невработени самохрани родители. Според програмата секој работодавач, кој ќе излезе во пресрет на оваа програма, имаше право на финансиски субвенции. Месечниот износ на субвенцијата по лице беше 11.200 денари за времетраење од шест месеци“, велат од  Агенцијата за вработување.

Но, оваа програма не успеа да ги стимулира работодавачите да вработат што поголем број на самохрани родители.

Објаснувањето на некои од работадавачите е дека не сакаат да си земат обврска да вработат некого со субвенции бидејќи не знаат што ќе биде со нивниот бизнис во наредниот период, за да не се случи да мораат да ги враќаат парите.

Инаку, самиот проект не се покажа добар бидејќи голем дел од самохраните мајки кои се обиделе да конкурираат не успеале да влезат во потесен избор со програмата. Некои од нив ги немало во  евиденција други не исполнувале услови, но во секој случај,  тие велат дека мерките за вработување не послужиле за тие да се вработат.

Освен овие времени мерки кои не се покажаа како успешни,  самохраните мајки немаат никаква друга привилегија во општеството и се оставени сами на себе во борба со својата  сурова судбина.

Сторијата е изработена во рамки на Проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ имплементиран од Центар за управување со промени и Институт за човекови права, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британската Амбасада во Скопје. Содржината на истражувачката сторија не ги одразува гледиштата и ставовите на ЕУ и на Британската амбасада.

 

[polldaddy survey=”B0FD75A9460E63A3″ type=”slider” title=”Учествувајте во нашата анкета!” body=”Дали Ви се допадна содржината на видеото?” button=”Започнете »”]

работадавач самохрана мајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.