Сања Лукаревска (34 години) на денешната петта владина седница е именувана за директорка на Управата за јавни приходи (УЈП).

Лукаревска има завршено Правен факултет во Скопје. Таа со години е вработена во УЈП и е членка на Извршниот одбор на СДСМ и беше кандидат за пратеник на СДСМ во првата изборна единица на изборите на 11 декември минатата година, но не влезе во Собранието. Беше и активистка на Шарената револуција и држеше говори на многу протести низ целата земја. Лукаревска е на актерот Ѓокица Лукаревски.