Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санкциите на ЕУ за режимот на Лукашенко во Белорусија

0
By Влатко Чаловски on October 21, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 21, 2015 20:36

Иако повеќепати предупредуван од Европската унија за односот кон граѓаните, граѓанското општество, медиумите и опозицијата, белорускиот претседател Александар Лукашенко секогаш наоѓаше изговор за неговиот режим, кој го урниса владеењето на правото и ја “стопи“ демократијата во земјата.

Европската унија, која се потпира на одредени стандарди и вредности, неговиот игнорантски однос кон предупредувањата за приближување до Унијата, го формализираше во официјални санкции.

Околу 200 луѓе се зафатени од тие санкции. Од луѓето кои директно работат за режимот на Лукашенко до оние кои и барем малку профитирале потпирајќи се на основите од истиот.

– Ограничувања за влез (во Унијата) на физички лица одговорни за сериозни повреди на човековите права или репресија на граѓанското општество и на демократијата, или чии активности на друг начин сериозно ја поткопале демократијата и владеењето на правото во Белорусија.

– Физички лица кои профитирале од поддршката кон режимот на Лукашенко.
– Замрзнување на средства и економски ресурси на лица или тела одговорни за сериозни повреди на човековите права или репресија на граѓанското општество и на демократската опозиција , или чии активности сериозно ја поткопале демократијата или владеењето на правото во Белорусија.

– Физички или правни лица, органи или тела кои се поврзуваат со режимот на Лукашенко, или кои биле контролирани, кои профитирале од поддршката, се мерките кои се уште се на сила врз Лукашенко и неговите административци и послушници кои директно или индиректно работеле против интересот на народот.

По парламентарните избори во 2004 година, и претседателските во 2006 и оценката на ОБСЕ како „нефер“ организирани избори, Европската унија ги воведе овие санкции за владата на лидерот на земјата Александар Лукашенко, и дел од неговите органи и функционери, кои подразбираат и ембарго на оружје и други слични материјали, забрана за извоз на опрема за внатрешна репресија и забрана за обезбедување на одредени услуги.

ЕУ му укажуваше на Лукашенко за неговиот насилен однос кон граѓанското општество, опозицијата, независноста на медиумите и прекршувањата на владеењето на правото и демократијата во Белорусија и на крај таквите предупредувања ги стави на хартија официјално со заклучоците на Советот на Европа на 31 јануари и 20 јуни 2011 година, а потоа дополнети на 23 март и 15 октомври 2012 година.

Санкциите беа воведени со цел директно да се потенцира политичкиот притисок во Белорусија.

Првата мерка против белорускиот режим дојде поради исчезнувањето на четворица активисти во 1999 и 2000 година, како и поради одговорните кои го манипулираа референдумот во земјата организиран во 2004, со кој на Лукашенко му се дозволи и покрај лимитираниот мандат од два пати по ред, да продолжи со трет.

ЕУ, на чело со тогашниот еврокомесар за проширување, Штефан Филе, исто така во неколку наврати бараше итно ослободување на политичките затвореници и бараше да престане насилството врз членовите на опозицијата и граѓанското општество.

А со цел да појасни дека мерките не се однесуваат на граѓаните на земјата туку на владејачката елита, ЕУ паралелно работеше на зацврстување на граѓанскиот сектор, на опозицијата и јавноста воопшто.

Филе работеше со белорускиот невладин и граѓански сектор за потребните реформи за модернизација на земјата, а се зацврсти и соработката со независните медиуми.

Мерките се продолжени до крајот на месецов оваа година, бидејќи не се сите политички затвореници ослободени, а според проценките не се зацврстени ниту владеењето на правото, ниту демократските принципи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.