Саша Броз, внуката на Јосип Броз Тито, раководителка нa Операта на ХНК во Риека на својот Фејсбук профил реагира на неодамнешните тврдења на ЦИА, дека долгогодишниот југословенски водач бил по потекло Русин или Полјак.
Како што објавува Јутарњи лист Саша Броз напишала: „Се заблагодарувам на ЦИА и на сите истражувачи кои по повеќегодишните напори го открија вистинското потекло на мојот дедо. Велат Полјак или Русин.
– Но, со жалење морам да ја разочарам оваа институција и јавно да соопштам дека мојот дедо не постоел , туку бил производ на хипнозитираната маса која, за да ја зафркне ЦИА го измислила својот „Волшебник од Оз“. Постои доказ дека јас сум расна Бразилка со потекло од Камчатка и со лицето Тито немам никаква никаква врска“, напишала на ФБ внуката на Јосип Броз Тито.
>>ЦИА: Тито не бил од Југославија
Според анализата на ЦИА, лидерот на поранешната држава Југославија, маршалот Јосип Броз Тито не бил Jугословен, односно човек роден во Југославија.
Според документот за фонетската анализа на јазикот кој Тито го зборуваше, е докажано дека Тито зборувал српско-хрватски јазик но со странски акцент.