Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков попладнево бил изнесен со лисици од скопскиот хотел „Мериот“, од каде што полицијата го спровела во истражниот затвор во Шутка.

Извори од Судот за НОВА велат дека притвор бил побаран од СЈО поради сознанија дека постои опасност од бегство, слично образложение кое беше дадено за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски.  Предметот за притвор на Мијалков е Тврдина- Таргет.

По Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на екс премиерот Никола Груевски.