Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков стана дедо пред издржување на затворската казна. Сопругата на неговиот повозрасен син, Јордан Мијалков, Анастасија родила женско бебе.

Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.

Мијалков го нема на фотографиите, а последните информации беа дека го одложил издржувањето на тригодишната затворска казна во Струга за случајот „Империја“ поради болничко лекување.