За нов директор на Фондот за здравство е назначен Сашо Стефановски,стоматолог кој политичката кариера ја почна како претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

За да раководи со здравствената каса е назначен на вчерашната владина седница. 32-годишниот Стефановски на новата функција доаѓа од позиција државен секретар во Министерството за одбрана.

Во 2010 година, како што пишуваа медиумите, по партиска линија беше вработен на Стоматолошката клиника. Неговата политичка кариера одеше по нагорна линија и по некое време, Стефановски стана државен секретар на Локална самоуправа.

Иако беше најавено дека владината комисија се уште работи на селекција на кандидатите и дека изборот на нов директор на Фондот ќе биде кон крајот на април, сепак Владата побрза со назначувањето на еден од двајцата директори.

Не се знае кога ќе биде назначен вториот директор на Фондот, кој според политиката на Владата е од редовите на ДУИ.