Published: Monday, October 21, 2013 12:39
Сашо Тоневски,братот на Маја Ивановска, сопругата на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов сеуште е во тешка здравствена состојба и се наоѓа на лекување на Клиниката за анестезија и реанимација, неофицијално дознава НОВА од свои извори на скопските клиники.
НОВА побара официјална изјава за неговата здравствена состојба, но ни беше речено дека не смеат да информираат заради тоа што од семејството било побарано да не се даваат никакви информации.
Тоневски настрада во сообраќајната незгода која се случи во петокот 30 минути по полноќ, кога движејќи се по булеварот Мајка Треза во близина на училиштето „Кочо Рацин“, изгубил контрола над моторциклот веспа и удрил во металните стoлппчиња покрај патот.




